• Latest

Добре дојдовте во воена Русија, каде што не смеете да протестирате и каде крадат дрвени тоалети за да се греат

February 28, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Добре дојдовте во воена Русија, каде што не смеете да протестирате и каде крадат дрвени тоалети за да се греат

Во рускиот регион Челјабинск украден е дрвен тоалет. Инцидентот се случил во селото Новокраински, област Чесменски. Трагата води до невработен жител од истото село кој едноставно ги запалил даските од јавниот тоалет за да ја грее својата куќа цели два дена.

February 28, 2023 16:20
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една година откако Путин ја нападна Украина, животот за обичните Руси стана несигурен и опасен. Од откажаните празници до кавги со родителите и грижи за поранешните осуденици – платеници кои талкаат по улиците, војната во Украина ја промени Русија.

Една година по целосната инвазија на Владимир Путин, луѓето кои живеат во Русија изјавија за Телеграф како нивните животи станале подосадни, понесигурни и опасни.

„Имав планови и цели и сега единствена цел ми е да се преселам или ако не можам, да ја преселам ќерка ми. Оваа војна ми го уништи животот“, вели медицинска сестра која живее во Москва.

Годинава и беше наредено да посетува курс за прва помош на бојното поле, иако сè уште не е распоредена на првите борбени линии.

Ја плаши иднината, рече таа, но исто и идејата криминалците од групата Вагнер регрутирани од Кремљ да се упатат кон Москва откако ќе служат на првите линии.

„Дури и оние кои ја поддржуваат војната се против убијците, дилерите на дрога и силувачите кои шетаат слободно“, рече таа.

Други Руси опишаа расправии со нивните родители за тоа дали НАТО и се заканува на Русија, како што Кремљ сака луѓето да веруваат.

Несогласувањето со владините политики, кое одсекогаш било тешко под Путин, сега е забрането. Овој месец, Марија Пономаренко, новинарка, беше осудена на шест години затвор поради објавување твит во 2022 година за руските бомбашки напади на Мариупол.

И покрај репресиите, некои луѓе во Русија сè уште протестираат против војната и минатата недела, на првата годишнина од инвазијата, полицијата уапси 54 лица за антивоени протести.

Положување цвеќе на споменикот на жртвите на советската репресија или статуа на украински уметник сега може да ве одведе во затвор.

Бегството од оваа дистопија, дури и на една недела, стана тешко затоа што рускиот пасош е многу помалку добредојден. Воздушните врски се прекинати, а границите затворени.

Во споредба со пред 12 месеци, Русија сега е многу повознемирена и пораспарчена земја.

„Луѓето паднаа во депресија“, вели средовечен маж вклучен во градежната индустрија кој живее во централна Русија.

„Луѓето се поделени како повторно да е револуција од 1917 година. Има кавги во семејствата и меѓу колегите од работа“.

Не требаше да биде вака. Кога Путин ги подготвувал своите планови за инвазија врз Украина, тој замислил да биде третиран како херој-освојувач. Тој дури ја нарече својата инвазија како „специјална воена операција“ чија цел е спасување на Украина.

Сега, заглавен по линијата на фронтот низ Украина, Путин мораше да ја престрои својата инвазија како неопходен удар против НАТО во битката за опстанок.

Кремљ сега сака обичните Руси да ја почувствуваат војната. Во Москва се инсталирани противвоздушни ракети, а низ целата земја се поделени карти на засолништа за бомби.

Училиштата почнаа да ги учат основните војнички вештини, децата повторно се тераат да го поздравуваат државното знаме, а пензионерите ги практикуваат своите техники за носење носилки.

Пренесувањето на оваа пропагандна порака беше скапо. Извештаите велат дека руските региони во 2022 година потрошиле 100 пати повеќе на патриотски лепења постери и знамиња отколку што трошат вообичаено.

Повеќето Руси се обидоа да ја игнорираат почетната инвазија врз Украина, национална особина е да му се довери на Кремљ да ги донесе правилно големите одлуки и да ги остави да се фокусираат на нивните животи.

Промената дојде на 21 септември 2022 година, кога Путин ја прогласи првата мобилизација на Русија од 1941 година, кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз.

Ова беше моментот кога реалноста на војната на Путин во Украина ги погоди домаќинствата низ Русија. Околу еден милион мажи ги спакуваа куферите и побегнаа. Околу 320.000 беа мобилизирани во армијата. Многумина сега се убиени.

Речиси секое семејство во Русија сега познава некои мажи кои биле испратени да се борат во Украина.

Кремљ сака обичните Руси да почувствуваат дека се во војна со НАТО и дека само Путин може да ги спаси.

Владимир, кој живее во град во централна Русија, рече дека сега треба да бидете многу внимателни.

„Меѓу моите пријатели го нарекувам меѓународен терорист. Но, ако сум со некој што не го познавам, тогаш зборувам поинаку“, рече тој.

Економијата, општеството и политичкиот дискурс се срушени за да им служат на воените напори во Русија, но освен билбордите со војници, на прв поглед, лесно е ова да се пропушти  во Москва или Санкт Петербург. Западните брендови како што се iPhone уредите увезени преку Казахстан се уште може да се купат и покрај санкциите, а рестораните се полни.

Владимир рече дека цените пораснале и дека животот во време на војна Русија станал подосаден и кревок.

„Кога станува збор за пари, работите станаа многу потешки“, рече тој. „Не можете да се разболите. Не можете да купите облека. Не можете да одите во кафуле или на кино. Не можете да одите на одмор“.

Но, во регионите, каде што живеат повеќето Руси и од каде што се регрутираат повеќето војници, е поинаку.

Во регионот на Челјабинск украден е дрвен тоалет. Инцидентот се случил во селото Новокраински, област Чесменски.

Како што пренесуваат руските медиуми, eдинствениот јавен тоалет – дрвена кабина се појави во селото пред 4 години до фелдшерско-акушерската станица, бидејќи во зградата на ФАП нема тоалет. „Погодностите во дворот“ го чинеа локалниот буџет 10 илјади рубли.

Жителите на селото го ценеа подобрувањето, бидејќи не е само FAP во близина, туку и поштата, и пред талетот се ствараа редици.

И во една ладна зимска ноќ, тоалетот исчезна, оставајќи само јама и под со тркалезна дупка.

Истрагата што ја спроведе локалниот полицаец довела до трагата на невработен жител од истото село. Полицаецот тврди дека човекот едноставно ги запалил даските од јавниот тоалет за да ја грее својата куќа со овие даски цели два дена.

Познато е дека до пристигнувањето на полицаецот, сите даски веќе биле изгорени. Како доказ, истрагата го земала предвид присуството на секира и деланки во близина на трупот за сечење огревно дрво во домаќинството на осомничениот. Сега на човекот ќе му се суди, а локалните власти се уште немаат намера да постават нов тоалет, стравувајќи дека делото може да се повтори.

Подготви: Д. Мишев

Tags: животкриминалнесигуренопасенРусијаруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ