• Latest

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

January 27, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

January 27, 2023 13:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент.

Во изјава за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека се чека Собранието да закаже седница и да се стави на дневен ред гласањето за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

-Овој договор беше изгласан уште пред нова година на 24 седница на комисијата, сега зависи од Собранието кога ќе биде ставено на дневен ред, додава Милошоски.

Поради празниците Собранието ги нема закажано сите седници и оттаму за ЦИВИЛ Медиа велат дека од претседателот Талат Џафери зависи кога 84-тата седница ќе биде закажана.

Националниот координатор за „Отворен Балкан“ и регионална соработка, Марјан Забрчанец вели дека трите држави се целосно подготвени за да се укинат работните визи, предуслов е само договорите да бидат усвоени од Собранието.

-Имаше објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а ти во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата, вели тој.

Според Забрчанец сега пречки нема, останува уште само еден чекор, а тоа е финално гласање на пленарна седница со што ќе се исполнат сите услови за отстранување на работните дозволи во бизнис секторот за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија.

-Сите апели се упатени кон Собранието, час поскоро да се најдат на дневен ред и пратениците да ги ратификуваат сите меѓународни договори кои произлегуваат од Отворен Балкан, со што ќе станат правосилни сите мерки и бенефити кои им помагаат на компаниите, на стопанските комори, на граѓаните.  Ако опозицијата има минимум политичка прагма и осет за потребите на граѓаните, не смее да помисли да не ги поддржи ратификациите на законите. За ратификациите е доволно мнозинството од владејачките партии, но имајќи предвид дека Отворен Балкан има поддршка од речиси 80% од граѓаните на земјава и огромни мнозинства од граѓаните во двете соседни земји, ратификациите треба да добијат најмалку 2/3 поддршка во Собранието, вели Забрчанец.

Главната придобивка од отстранувањето на работните дозволи е обезбедувањето подобри услови на мобилност на пазарот на труд во регионот, односно меѓу трите држави. Поточно, се отстрануваат бирократските и административни процедури кои до сега го забавуваа тој процес.

Тоа директно придонесува кон една од главните цели на повеќето регионални иницијативи – создавање единствен пазар на труд. Ќе се овозможи размена на работна сила согласно потребите на пазарот, во сите можни насоки меѓу трите држави. Компании од Куманово и Скопје ќе мобилизираат работна сила од Врање и околината, а оние од Струга од пограничниот регион во Албанија.

Македонски ИТ кадри ќе можат да работат онлајн од нашата земја за пазарите во Албанија и Србија, при тоа да добиваат плата и придонеси од другите две земји, а примањата да ги реализираат во својата земја. Се разбира и обратно.

Потенцијалите се огромни, голем е бројот на компании за кои оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните и особено младите можност да заработат повеќе. Оваа мерка придонесува и кон тоа регионот да се претстави како единствен пазар пред поголеми инвеститори за кои прави разлика дали вложуваат во пазар од два или пазар од 12 милиони.

Идентификацискиот број ќе биде налик како матичен број за граѓаните на „Отворен Балкан“. Преку веб порталот за електронски услуги граѓаните ќе може да го добијат тој идентификациски број и со тоа практично нема да мора да вадат работна дозвола за Србија или Албанија.

Иницијативата Отворен Балкан, која започна како Мини Шенген во октомври 2019 во Нови Сад си постави амбициозна цел до почетокот на 2023 година да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Потписници на Иницијативата се Србија, Македонија и Албанија.

Соња Танеска

 

 

 

 

 

 

Tags: АлбанијадоговориОтворен БалканСобраниеСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ