коментира: ДИЈАНА ТАХИРИ
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека формирал комисија која ќе одлучува кои граѓани ќе имаат приоритет за издавање пасоши. Во составот на комисијата ќе има и доктор. Чулев ги повика граѓаните да поднесат ургентни барања за издавање пасош до подрачните единици на МВР, а комисијата ќе ги разгледа следниот ден и приоритет ќе имаат граѓаните со итни медицински потреби.
Прашање до Чулев и комисијата, и докторот што ќе ја има честа да одлучува по сериозноста на болеста на патниците: Дали граѓаните што ќе поднесат лекарски наоди ќе бидат прописно прегледани од докторот и покрај документираните лекарски наоди, и дали истите ќе бидат ослободени од тарифата за издавање патна исправа по итна постапка?
А со оглед на состојбите во нашето општество, и навидум здравите ќе се поболат и ќе посегнат по докторски уверенија па нека чини и две плати целата процедура!
П.С. А кој ќе биде докторот?
БЛИЦ е рубрика на ЦИВИЛ МЕДИА во која објавуваме кратки, најчесто редакциски, коментари поврзани со веста на денот во рубриките ДНЕВНИК и ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, но и за други актуелни настани во земјата и во светот.
Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.