Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година, со изнесување на дополнителни докази на дел од обвинетите.
На минатото рочиште дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа.
Денеска треба да бидат изведени околу стотина аудио разговори и фотографии предложени од Нинџа, доколку бидат доставени од обвинителството.
Изведувањето на доказите од Чавков, Лазаров и Пепиќ зависи одтоа дали ќе биде дозволена нивна декласификација.
За настаните во Собранието од 27 април обвинети се 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници.