На прашање на ТВ Алсат М, за досегашното нереагирање на институциите на говорот на омраза при јавните настапи на демонстрациите пред Државната изборна комисија, во декември минатата година, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, изјави: „Слушнавме вокабулар кој во делови е речиси идентичен на фашистичките говори во 30-тите години на минатиот век. Институциите во голем дел се под контрола на структури кои се деструктивни, кои шират омраза и се обидуваат да предизвикаат конфликт, само за да спасат неколкумина од она што се нарекува правда“.
Според ТВ Алсат М, ниту една државна институција, вклучувајќи го и Јавното обвинителство, досега не го осудила, и не повела постапка за говорот на омраза што можеше да се слушне на протестите пред ДИК од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, кога „видни членови и функционери на партијата повикуваа и на линч на неистомисленици“.
Во изјавата за ТВ Алсат М, Драган Антоновски од Советот за етика вели дека „како Совет за етика, како медиумска заедница го осудуваме, но она што максимум може да направиме е да кажеме дека тоа е говор на омраза и е недзволиво, медиумите да го пренесуваат, а особено е недозволиво институциите да го игнориираат“.