Џабир Дерала од ЦИВИЛ- Центар за слобода, пред медиумите во Битола, ги презентираше активностите поврзани со „Граѓанската повелба“ и проектот „Општество без граници“.
„Многу е важно во рамките на овој документ, меѓутоа и во рамките на нашите активности како организација за човекови права, да ја алармираме македонската јавност дека граѓанското општество, демократијата, човековите права и слободи се под силен ризик. Медиумските слободи се под притисок и под контрола на политичките структури, меѓутоа и под контрола на големите бизниси“, изјави Дерала, потенцирајќи ја важноста од афирмирање на правата на граѓаните и нивното активно учество во процесот на донесување политички одлуки.
[divide]
Проектот „Општество без граници“ се спроведува во соработка со Фондација Хајнрих Бел, канцеларија Сараево.