Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ наменет за создавање слободен и безбеден простор за динамична размена на информации, ставови и анализи, кои ќе им се понудат на јавноста и институциите, ЦИВИЛ денеска го промовираше во Тетово.
На инфо-штандот во комуникација со граѓаниките и граѓаните на Тетово, преку промоција и на њузлетер со информативна содржина за меидумската продукција на ЦИВИЛ, беа споделени мислења и ставови за медиумската слобода.
„Она што ние се обидуваме да го направиме е да ги охрабриме граѓанките и граѓаните во Македонија да учествуваат во процесот на донесување одлуки на локално и централно ниво. Изборите се еден таков процес кој е суштински поврзан со нашето барање за слободно општество и за слободни медиуми“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода, за локалните медиуми.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов