• Latest

Другар Дерала, те молам полека со критиките за хонорарите, СЈО заслужуваат многу поголеми хонорари од што земале!

November 29, 2019
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Другар Дерала, те молам полека со критиките за хонорарите, СЈО заслужуваат многу поголеми хонорари од што земале!

Мафијата претрпе голема загуба и стрес поради овие херои од СЈО, се разбегаа по цел свет, фамилии оставија, фирми им пропаднаа, власт изгубија, некои како Сеад и Ѕинго мораа да вратат 17 милиони евра назад во буџетот, а да знаете колку само тешко се земаат пари од Ѕинго, човекот е познат во Кратово, него прво душа ќе му земеш отколку пари да му земеш...

November 29, 2019 06:47
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШЕ ИВАНОВСКИ

Целата оваа хајка против СЈО е смислена од кујната во белиот дворец, за жал сите влетавме во нивната мрежа како кленови.

Лесно е народот да се надразни со големи суми кои за него се само мислена именка.

Но 30 години во земјава такви бонуси се делат во АЕК, ГАМА, МАК-НАВ, сите шефчиња на аеродром се со плати од 2000 е па нагоре…

Да не зборам па за разните додатоци за пратеници итн. итн…

Од друга страна луѓето во СЈО беа дел од еден напор да се стави мафија во затвор и тоа беше голем ризик за тие луѓе.

Да ве потсетам колку само црна пропаганда се излеа против нив, им се знае целата приватност, омразата кон нив во фан базата на ВМРО е голема, тие луѓе секој ден може да бидат физички претепани во некој град од бастионите на ВМРО во земјава…

Колку ли само закани имале, и сигурно се на црна листа кога ВМРО ќе се врати на власт овие луѓе ќе бидат апсени, малтретирани, ставени на црна листа никогаш да не се вработат, одмаздата ќе биде жестока…

Мафијата претрпе голема загуба и стрес поради овие херои од СЈО, се разбегаа по цел свет, фамилии оставија, фирми им пропаднаа, власт изгубија, некои како Сеад и Ѕинго мораа да вратат 17 милиони евра назад во буџетот, а да знаете колку само тешко се земаат пари од Ѕинго, човекот е познат во Кратово, него прво душа ќе му земеш отколку пари да му земеш…

Лично бев запрепастен кога еден Павле Трајанов на прес бараше обвинителите од СЈО да си поднеле оставки и да ги врателе парите?!?!?!

Еееј, еден Павле Трајанов се дрзна ова да го каже кој беше во коалицијата со ВМРО ДПМНЕ и гласаше во собрание и владееше со режимот кога се случувале тие пљачки и тие зулуми…

Он ќе ги врати ли парите што ги земал како пратеник за таа срамна ера?! Он најде да плука по СЈО, бев на таа конференција и од шок ми се тресеше телефонот, бев запрепастен колку е широка мрежата која ја плете мафијата во неа се фатени и коалициски партнери на СДСМ во владата….

Шокиран сум и што еден уставен судија од ДУИ, Осман Кадриу е дел од иницијативата да се врати амнестијата на Хорхе, што значи и дека ДУИ е дел од мрежата која ја плете мафијата….

Што да се каже за едни Милчин и Геровски, за еден Калајџиев, за еден Сафет Бишевац кој сега не се симнува од тв за да го врати ВМРО, а беше пратеник на листа на СДСМ по срамното затворање на А1?!?!?!

Кој уште ќе нѐ разочара, кој ќе нѐ предаде, кој ќе ни го скрши филмот дека нема големи луѓе, дека секој има цена, дека сите сме расипана човечка роба со рок на траење?!?!

Додека ние урламе по СЈО, нивните предмети фаќаат прашина на полиците во ОЈО, ОЈО наместо да ги активира за да не застарат тие се фатија на ороото, се повеќе се плашам дека Русковска и Јовески се дел од мафијашката мрежа, некако ми се многу сомнителни во последно време…

Се надевам народот сето ова го гледа и жестоко ќе го казни ВМРО ДПМНЕ кое стои зад сите овие играрии и ја диктира медиската хајка и темите на денот, и дека ќе му дадат 50-60 пратеници на Заев конечно да ја донесе таа ПРАВДА во земјава преку ветинг на судии но и обвинители…

А што правиме со ВЕТИНГОТ на експертутките кои го помагаа режимот а сега не се симнуваат од тв?

Пандов секој ден е на тв и се заканува со бесење и прогон, Филип Петровски исто, дури и оној Камиловски кој се прослави со изјавите дека на 27-ми април требало да се коља и да има крв до колена?!

Сите тие кои 10 години го помагаа режимот молчеа за бомбите сега се ужаснати од РЕКЕТ и од бонусите на СЈО, но никој не ги прашува чекајте бе дечки, со кој образ вие сте на тв пак кога помагавте режим, бевте платени од тој режим, молчевте за бомбите дури ве видовме и на 27-ми април во собрание меѓу толпата а со настапите го хушкавте народот за да дојде до кланицата?!

Нашите телевизии кои бркаат рејтинг не пазат кого викаат во емисија, дали личностите заслужуваат да добијат микрофон и етер за да шират промашени тези…

Чудно, падна режимот, а режимските куртони ништо не им фали, нити се срамат од своети минато нити пак некој ги осудува, се е некако во рамките на демократијата?!?!

За крај уште ова. ВМРО ДПМНЕ секогаш ќе има свои верни новинари и експертутки.

Но секогаш ќе смета на вистинските новинари и аналитичари да одработат за нив да ги ловат грешките на СДСМ и кога ќе дојдат на власт, први на удар ќе бидат токму тие вистински новинари и НВО активисти и аналитичари, тоа е перверзијата која 30 години ја краси ВМРО ДПМНЕ како партија која целата своја политичка активност ја базира на лага, популизам, стереотипи, омраза, пљачка!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ