Командирот на Шумската полиција во Битола, Лазар Јошевски e нападнат и повреден од дрвокрадци во Ресен. Тој е итно хоспитализиран во Ортопедското одделение на битолската болница.
„Пациентот е задржан на лекување на Ортопедско одделение поради фрактура на ногата“, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од СВР информираат дека истрагата е во тек.
Условите во кои работат припадниците на шумската полиција во земјава се на исклучително ниско ниво, според сознанијата кои Полицискиот синдикат ги сподели со ЦИВИЛ во изминатиот период.
ЦИВИЛ го осудува насилството, како и кражбата на националното богатство на земјата.