• Latest

Десет радиодифузери казнети за несоодветно медиумско покривање

October 26, 2017
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Десет радиодифузери казнети за несоодветно медиумско покривање

October 26, 2017 14:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заклучно со 25 октомври, поднела десет барања за прекршочни постапки против радиодифузерите, согласно Изборниот законик.

Против ТВ Алфа поднесени се две прекршочни пријави за неизбалансирано покривање на локалните избори во две изданија на вестите и за емитување прилози со резултати од испитувањето на јавното мислење, поврзано со учесниците во изборниот процес, на 10-ти и 11-ти октомври 2017 година,  по истекот на законски пропишаниот рок за тоа, најдоцна 5 дена пред денот определен за одржување на изборите за првиот круг на гласање, односно 9 октомври.

Со прекршочна пријава за одвоени повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за политичките партии во опозиција, на 28 септември и на 1 октомври, се здоби и Телевизија Нова. Основниот суд Скопје 1 им изрекол прекршочна санкција – глоба од 4.000 евра за радиодифузерот и 1.200 евра за одговорното лице.

На 1 октомври 2017 година, ТВ „24 Вести“ емитувала прилог со резултати од испитување на јавното мислење, поврзано со учесниците во изборниот процес за локалните избори, без да ги наведе податоците за веродостојноста на испитувањето, односно за: нарачателот на испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

Согласно член член 77 став 2 од Изборниот законик, АВМУ поднела барање за прекршочна постапка.

На листата на АВМУ за кршење на Изборниот законик, во делот предвиден за радиодифузерите и медиумското покривање на локалните избори, се најде и ТВ Алсат-М која на 26 и на 28 септември, на еден реален час емитувана програма, одвоила повеќе од една минута платено политичко рекламирање за политичките партии во Собранието што немаат пратеничка група.

За потсетување, според Изборниот законик, за време на изборната кампања и во првиот и во вториот круг на гласање, радиодифузерите кои ги покриваат изборите, можат да емитуваат вкупно 18 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои – за политичките партии на власт можат да одвојат најмногу осум минути, за политичките партии во опозиција можат да одвојат најмногу осум минути, за политичките партии во Собранието на Република Македонија кои немаат пратеничка група, можат да одвојат една минута, а за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Македонија, можат да одвојат една минута.

Мониторингот на медиумското покривање на изборна кампања на АВМУ ќе заврши 24 часа пред денот на гласањето, со што ќе започне мониторирањето на изборниот молк, кое ќе трае до 19 часот на денот на гласањето.

Б. Ј. 

Tags: АВМУлокални избориМедиумимониторингпрекршочни пријави
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ