Пратеничката група на Демократската унија за интеграција денес одржаа прес конференција каде што беа соопштен ставот на партијата во врска со иницијативата за организирање на референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и зошто истиот не треба да се подржи.
„Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува”, истакна координатор на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, на денешната прес конференција.
Според ДУИ, иницијативата за организирање на референдум е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и истата е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.
Од партијата потсетуваат дека, во член 118, се предвидува дека потпишаните меѓународни договори, кои потоа се ратификувани, се дел од внатрешниот правен поредок и истите не можеме да ги менуваме со Закон.
Демократската Унија за Интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поткрепи Договорот за добрососедство со Република Бугарија кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.
Според ДУИ, очигледно е дека опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање референдум, која е спротивно на Уставот, и со единствена цел, за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните, да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее.
Од пратеничката група на ДУИ истакнуваат дека иницијативата на опозицијата е насочена кон попречување на патот кон Европската унија. Жалам за антиевропското убедување и делување на опозицијата, но едно е јасно, дека враќање назад нема да има, дека земјата нема да се изолира од останатиот демократски свет.
Сега кога веќе официјално почнавме преговори со Европската унија,од ДУИ повикуваат на формирање широк проевропски фронт на политички партии, невладини, медиуми, граѓани.
Го повикуваме про европското крило во рамките на опозицијата да направат се за да не се загрози членството на Република Северна Македонија во НАТО и да запре нејзиниот европски пат, истакна Адеми
Понатаму, од пратеничката група на ДУИ на пресот истакнаа дека префрлањето на одговорноста на граѓаните, е барање алиби за сите неуспеси овие години, и погрешно постројување во регресивни сили преку сеење магла и оспорување Договор кој придонесе членство на нашата држава во НАТО.
Во време на најголемата економска и енергетска криза, во пресрет на една тешка и неизвесна зима што не чека не само нас туку целата Европа, крајно неодговорно и недозволиво е да се потрошат 8 милиони евра за организирање на референдум, само за да станеме дел од големата измама на опозицијата, истакнуваат од ДУИ.
Тие нагласија дека кога е во прашање државниот и национален интерес, Демократската унија за интеграција нема да дозволи ретроградните сили да ја закочат иднината на Република Северна Македонија.
Граѓаните веќе јасно го дадоа својот глас, тие се за Европска унија и НАТО и заедно со нашите меѓународни партнери и САД, ќе продолжиме успешно да ја остваруваме нашата цел, членство на Република Северна Македонија во големото европско семејство, истакнаа од пратеничката група на ДУИ на пресот.