Демократската унија за интеграција (ДУИ) останува ангажирана во спроведувањето на реформите и во решавањето на проблемите, како што е прашањето за името и другите отворени прашања со соседните земји, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците Едвард Кукан и Иво Вајгл, јавува МЕТА.
Ахмети изјавил дека ќе работат во правец на спроведување на реформите што претставува определба на партијата во правец на интегацијата на Македонија во ЕУ.
„Храбро ќе бараме и ќе работиме во правец на споменатите реформи, не само во судството, туку и на други полиња и ќе бидеме бескомпромисни во борбата против коруцијата и организираниот криминал, како вредности кои не само што ги бара ЕУ, туку како вредности кои нè облагородуваат и нè засилуваат нас како држава“ , изјави Ахмети.
Тој додаде дека им се заблагодарил на Вајгл и на Кукан за досегашната помош и за идните ангажмани во правец на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и засилувањето на реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото, пренесува МЕТА.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.