По повод свеченото одбележување на 20 години Народен правобранител на Република Македонија, Собранието огранизира пленарна сесија „ Народниот правобранител во Република Македонија: почетоци, развој и предизвици“, на 30 мај со почеток во 12 часот.
Сесијата ќе ја модерира Васка Бајрамовска – Мустафа, заменик народен правобранител на Република Македонија. Најавени панелисти се Иџет Мемети, народен правобранител на Република Македонија, Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, Лора Видовиќ, претседател на Европската мрежа на Национални институции за човекови права и омбудсман на Република Хрватска, Јасминка Џумхур, омбудсман на Федерација Босна и Херцеговина, Ермир Добјани, поранешен омбудсман на Република Албанија и Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.
Со свечено обраќање настанот ќе го отворат Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, премиерот Зоран Заев, Иџет Мемети, народен правобранител на Република Македонија, Еринда Баланца, претседател на АОМ и омбудсман на Република Албанија, Емили Орајли, европски омбудсман и Бојана Урумова, заменик директор, Канцеларија на Комесарот за човекови права, Совет на Европа.
Б.Ј.