Две лица загинаа откако граната погоди станбен блок во Киев.
„Од 07:40 часот, телата на две лица се пронајдени во станбен блок од девет ката. Три лица се хоспитализирани. На самото место им била укажана лекарска помош на девет лица“, објави на Фејсбук Државната служба за итни случаи на Украина.
Единиците на СЕС спасиле 15 лица и евакуирале 63 лица.
Во 07:58 часот пожарот бил изгаснат. Работите за пребарување продолжуваат.
Како што е соопштено, во 05:00 часот на 14 март, артилериска граната погодила станбен блок од девет ката во станбениот кварт Оболонски, градот Киев. Зградата се запали.
Во неделата (13 март), американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Киев.
Најмалку седум цивили, од кои едно дете загинаа во саботата (12 март) откако руските сили пукале врз евакуациски конвој во регионот на Киев. Конвојот од жени и деца од селото Перемоха се движел селото Гостролуча по договорениот хуманитарен коридор и специјалната „зелена“ рута кога руските сили почнале да пукаат.
Д.М.