• Latest
Ненад Јовановиќ

Две Македонии, една за Европа, друга за внатрешна окупација

February 14, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Две Македонии, една за Европа, друга за внатрешна окупација

February 14, 2023 19:47
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Ненад Јовановиќ

Ненад Јовановиќ

Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Тоа што успеав да го видам, а мислам дека сѐ уште добро гледам, се одвива „реконструкција“ на Владата на Ковачевски. Или како во овој хипернегативен контекст во кој едни молчат и чекаат „историската несреќа“ да измине, други се страшно разочарани од не знам што, па си одат од владата, а трети се „реконструираат“ во привременото министерување. Генералната констатација е дека нема предвремени парламентарни избори во кои гласачите ќе ја „реконструираат“ владата по своја мера.

Фактичката состојба на теренот е следна: Алијанса на Таравари влегува во Владата, а со нивното влегување Алтернатива на Гаши излезе, како што излезе и Павле Трајанов со неговиот еден пратеник и неговата партија од „ја, мама, тате и бате“. Гаши имаше според мене коректен став: ќе бидеме опозиција, ќе бидеме конструктивни, ама ќе гласаме за Евроинтеграциите односно Уставните измени во ноември. Павле Трајанов, пак, како некој десетар во армија, му закачил на Ковачевски ултиматум во „седум точки“, небаре е Черчил на пристаништето во Данкерк, па со својот еден војник сака да ги евакуира сите останати. Пристоен човек на овој „Павлов рефлекс“ може единствено слатко да се насмевме.

А сега одиме сериозно. Ковачевски јасно изрече која е идејата на оваа „реконструкција“ во владата, а тој детаљ на сите ни побегна: идејата не е едни да дојдат а други да си одат. Идејата во „ракоструираната“ влада има јасен Европски потенцијал – го зголемува СДСМ своето мнозинство за да продолжи земјата кон Европската Унија. Самиот премиер рече: „сите кои се за интеграција на земјата во Европа, бродот е слободен“. За Европа, а не за Ковачевски, тоа е клучна разлика од експозето на премиерот. И тоа е најважната дистинкција во оваа реконструкција. Никој не рече, па дури не рече ни самиот премиер, дека „реконструкцијата“ е обедување за еден човек и една глава. Напротив: обедувањето е за Европа. Со тоа јасно ни даде до знење дека владата добива нов ветар во грб, покрај домашните прогресивни сили, Ковачевски ги добива на своја страна сојузниците од надвор: Европа и САД. A ни даде до знаење – не се обединуваме како во времето на црни Грујо, во еден – туку се обедуваме за норамалност, за просперитетен живот, се обединуваме за Европа.

Сите карти се на столот, единствено останува скриени картите на Мицкоски и Апасиев. Тие двајца не кажуваат што е нивната идеја и цел во политиката, освен сувопарното чекање за место на тронот. Апасиев немам сомнеж дека ќе продолжи да плука се’ живо, вклучително ќе го плука и Мицкоски; овој пак, за да не испадне „клеко“, ќе му враќа и нему и на СДСМ, а ќе молчи за Европа, ќе молчи за се она кое не му одговара на неговиот рејтинг, а ќе ги ја бустира јавноста на исклучително црна кампања, на лажни вести и на одвратна пропаганда. И да, ќе не’ ослепува дополнително сите нас од типот: и кога нешто е добро за граѓаните на оваа земја, Мицкоски ќе го претставува како исклучително лошо.

Со сите нејзини проблеми и мани, Македонија останува плуралистичко општество – и тоа благодарение на СДСМ и граѓанските сили во неа и околу неа. А што се однесува до падот на СДСМ, па, како да ви кажам, секој власт има шанса да падне, секој премиер може да падне. На оваа закономерност никој не е имун, па ниту Ковачевски. Тоа што на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа Ковачевски, тоа не значи дека на останатиот дел од земјата го дели истиот став. Јас велам обратно: Мицкоски да ми биде премиер? Никогаш. И што ќе правиме сега?

Тоа што сите сили се обединуваат во еден Европскиот блок, без разлика што националромантичарите и останатите брбливци го земаат како мана, јас го земам како силна, конститутивна и компаративна предност. „Две Македонии“ – едната ќе биде за Европа, а другата за внатрешна окупација. Тоа е истата Македонија која еднаш ја заробија и исркаа со Груевски, немам сомнеж дека ќе се обидат на ист начин да ја исркаат и со Мицкоски. А откако ќе ја исркаат, што ќе биде потоа? Па знаеме: ќе ја укинат политиката како најважната состојка за слободниот и јавен живот на поединецот.

И затоа овде ни се случува: или си за Европа или за Мицкоски.

Затоа што не остана и ништо друго. А бидејќи не остана ништо друго, јас ја бирам Европа. Подобро да се чекори на пат кон Европа, отколку да се плива во тањирот на Мицкоски и неговата супа.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: FRONTLINE
Tags: антизападна кампањаЕвропаМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ