• Latest
Добро утро со Орданоски

Е, добро де, ајде на вонредни избори!

September 21, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Е, добро де, ајде на вонредни избори!

September 21, 2018 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]а претпоставиме вакво сценарио: референдумот блескаво да успее (знаеме, знаеме, дефиницијата на „блескавоста“ ќе биде отворена за различни интерпретации), а во Собранието да не се собере мнозинство од 81 пратеник кои би гласале за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.

Тогаш, на еден или на друг начин, доаѓаме до логичен демократски расплет: се распишуваат итни вонредни избори, предвидени со уставните рокови.

За тоа прашање ќе одлучува сегашната коалиција на власт. Плебисцитот од референдумот ќе се пресели во силен налет на изборен гласачки плебисцит по прашање на евро-атлантските интеграции. Таа енергија најверојатно ќе биде предводена од една голема изборна коалиција во која ќе се најдат обединети најголемиот број парламентарни и вонпарламентарни партии, на чело со СДСМ и ДУИ, поддржана од Токио до Осло. Поплава!

А што ќе се случува на „другата“ страна? Мислам дека е тоа едно од најлошите сценарија по ВМРО-ДПМНЕ. Нивната некогашна коалиција е сосема распадната, до непрепознатливост. Самата ДПМНЕ, пак, е поделена по сите вертикални и хоризонтални линии, па е големо прашање – ако ништо друго! – како таму ќе се избегне „граѓанска војна“ макар по една основа: Кој, по итна постапка, ќе ги прави новите кандидатски листи за пратеници за потребите на вака распишаните избори?

Еве, не ве брзам, самите размислете за одговор на ова прашање… Кој ќе одлучува? Мицкоски? Потесното раководство на партијата? Поширокото? Средното? Или Идризово и Шутка? … Кој од сегашниот пратенички состав ќе се најде на тие листи – Антонијо, Трајко, Илче, Стевананџија, Влатче…? Груевски? … Кој, пак, од реформското крило ќе се стекне со добитно изборно бројче? А од преостанатите коалициони микро-партии кој ќе им се придружи со свои губитнички кандидати во ова катастрофално сценарио? …

Има да се сечат вени, сопствени и туѓи. Ви велам, од ваквиот развој на настаните кај вмровците ќе има толку многу „давеници“, што катастрофата со потонувањето на Титаник ќе личи на бура во филџан вода! Таму и сега нема доволно „појаси за спаување“, а има да настане тепачка за преостанатите два-три чамци токму како да е во прашање борба на политички живот или смрт!

Дури, не е тешко да се претпостави дека, во таквата прединфарктна внатрепартиска состојба, единствениот излез за ВМРО-ДПМНЕ е да прогласи дека вака распишаните вонредни избори – под каков сакате изговор – ќе ги бојкотира. Убаво. И, што ќе постигнат со тоа, кој видел аир од бојкоти? На нивните солзи и сега никој во светот не им верува, а не па во вака очајничко сценарио. Ќе ги остават да скапат во опозиција во наредните (празно место, пополнете по желба) години. Заев не ќе можеме со шпакла да го откорнеме од власт.

(Всушност, во ова сценарио, врз маката на ДПМНЕ можно е Левица да закачи едно-две места во Собранието… Хе-хе-хе…)

А, што се однесува до Договорот од Преспа, ако е воопшто потребно, со едноставен анекс од една реченица грчката и македонската влада можат да ги продолжат роковите за некоја недела, додека се причека на составување на новото – би прогнозирал: двотретинско – парламентарно мнозинство. Првата одлука на новиот собраниски состав: промена на Уставот според Договорот од Преспа.

Кому во ВМРО-ДПМНЕ му одговара ова сценарио? Практично, никому. Ниту на партијата, ниту на Фамилијата, а најмалку на каузата.

Затоа и препорачувам да нема преголеми секирации, ќе се најде доволен број пратеници од сегашната собраниска опозиција кои – затоа што совеста така им налага! – ќе гласаат за промена на Уставот. Не е, белки, таму на сите чавките да им го испиле мозокот?!

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share574TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ