ВЕСТ НА ДЕНОТ
ЕБОР обезбедува 55 милиони евра за изградба на две депонии
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува Северна Македонија во модернизација и проширување на системот за управување со цврст отпад. Банката обезбедува 55 милиони евра државен заем со кој ќе се финансира изградба на две нови регионални депонии и рехабилитација на постоечка депонија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Маричиќ: Време е да се надминат тесно партиските интереси
„Ова е време кога треба да ги надминеме тесно-партиските интереси, и да не дозволиме, после 17 години поминати во чекалната на ЕУ, да се однесуваме неодговорно и да се доведеме во ситуација домашен политички фактор да биде кочница и да ја блокира државата на патот кон ЕУ“, изјави меѓу другото вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023“.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Војна или мир? Ти за што си? Руската агресија во Украина донесе само страдања и смрт!
„Граѓаните од земјите кои директно не војуваа со Русија се запрашаа, откако студот почна да гризе, зошто нивната удобност и егзистенција се жртвуваа во име на Украина. Се сметаше дека националните лидери, чувствувајќи внатрешен притисок, би можеле да агитираат за омекнување на санкциите или за постигнување мир со посредни услови поволни за Москва.“, извадок од анализата „Топлата зима во Европа му го одзема „кецот од ракавот“ на Путин“.
Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина имаше средба со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина.
Државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас го објави најзначајниот пакет воена помош за Украина за да го забрза нејзиниот успех во војната со Русија, јавува дописникот на Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
РАЗРЕШУВАЊЕ Министерството за правда вчера соопшти дека се утврдени повеќе неправилности во врска со бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово, а премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.
ДАВОС Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија.
СТРУЈА АД ЕСМ на 16.01.2023 година произведe 18.398 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата според податоците преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 16.01.2023 година.
РЕФОРМИ Од 130-те мерки утврдени во Акцискиот план кои допринесуваат за целите на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, само 52 отсто се спроведени, 34 отсто се делумно спроведени и 14 отсто останаа нереализирани, заклучи Државниот завод за ревизија.
ПРАВДА Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска e спроведен поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2“ во кој е првообвинет.
АЛ-ПРЕС
Годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербеј, одбележувањата и оддавањето почит со новата политика на министерката за образование и спорт на Албанија, Евис Куши, секој понеделник во сите училишта да се интонира националната химна пред почетокот на наставата, кампањата на косовските дипломати за заштита на признавањето на државата, се само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денешниот АЛ-ПРЕС.
СЛОБОДНА ЗОНА
Последните 3 од 8 сценарија за Северна Македонија во 2023 година, од Џабир Дерала
(2023) Сценарио 6/8: Пад на проевропската власт во Северна Македонија
Сценарио број 6 од 8, Сценаријата за уривање на проевропската власт во Северна Македонија се обистинуваат. Политичките лидери на партии што не се на власт или се во владејачката коалиција, сѐ поинтензивно ги уценуваат своите поголеми партнери за да дојдат до повеќе власт и пари. Н
(2023) Сценарио 7/8: Северна Македонија се извлекува. За влакно.
Сценарио број 7 од 8, Руската и српската пропаганда од надвор и ултранационалистичката пропаганда од внатре, се интензивираат во 2023. Опозицијата организира протести на кои бара предвремени парламентарни избори.
(2023) Сценарио 8/8: Година на просперитет и единство
Сценарио број 8 од 8, Би требало човек да биде многу циничен за да оцени дека нема спас и дека само црните сценарија се во игра. Нашата земја не е осамен остров, а веќе неколку години, не само што не е изолирана, како во времето на режимот, туку е и респектабилна држава со одговорни лидери во сите сектори – политичкиот, граѓанскиот, научниот, безбедносниот, економскиот и културниот.
„Факт е дека уште никој не се огласи, уште никој во партијата и од партијата не проговори за децениската внатрешно партиска и партиско државна пробугарска политика. Исто и сега и за „нивниот“ Џамбаски, за таа софиска ВМРО-вска евро будалетинка.“, По допрен глас „Сега Џамбаски не бил нивен, види богати, од кога тоа?“, од Зоран Иванов.
Д. Тахири