• Latest

Едукативните содржини на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите наидоа на одличен одзив, но во нив се препознаа и дезинформаторите, мразачите и пропагандистите

February 6, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Едукативните содржини на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите наидоа на одличен одзив, но во нив се препознаа и дезинформаторите, мразачите и пропагандистите

February 6, 2024 16:27
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Едукативните видео содржини на ЦИВИЛ во кои, во помалку од една минута се објаснуваат основните поими поврзани со дезинформациите, наидоа на одличен одзив и позитивни оценки кај голем број граѓанки и граѓани.

Во првото од 12-те видеа, се објаснува поимот ДЕЗИНФОРМАЦИЈА – намерно ширење лажни или погрешни информации за измама или манипулација, преку стратегиски и медиумски тактики за постигнување политички, воени или комерцијални цели. Понатаму, во едноминутното видео се вели дека „дезинформациите се глобална закана, поради способноста за брзо ширење лажни наративи во масовни размери“.

Фејсбук објавата со линк до текстот и видеото објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, има повеќе од 80.000 импресии и повеќе од 370 лајкови за само два дена.

Имаше и повеќе позитивни коментари, како и прашања од публиката. Освен во коментарите, организацијата доби и неколку десетици пораки во својот инбокс. На адреса на ЦИВИЛ пристигнаа и голем број честитки и пофалби, меѓу другите и поради начинот на кој се објаснуваат поимите, како што велат – кратко, јасно и прегледно. Комплименти има и за повеќејазичниот пристап. Освен на македонски, видеата и текстовите се и на албански и ромски јазик.

Одличен одзив, но и напад од тролови

Сосема очекувано, оваа иницијатива беше дочекана „на нож“ од познатата група тролови кои пружија „силен отпор“. Очигледно, тие во едукативните видео содржини се препознаа токму тие што шират дезинформации, пропаганда и теории на заговор. Според бројот и содржината на коментарите кои доаѓаат претежно од профили кои му се познати на мониторингот на ЦИВИЛ, не е исклучена можноста да се работи за оркестриран напад во кој наративите и пораките се препознатливи и постојано се повторуваат, без оглед на содржината и темата што се објавува на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Поддржувачите и симпатизерите на Путин, од кои најголем дел се и поддржувачи или членови на антизападни политички ентитети во земјава, влегоа во жестока контракампања во обид да ја дискредитираат работата и пораките на организацијата која постои веќе 25 години и ужива висок углед и доверба кај граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, но и многу пошироко, во регионални и меѓународни рамки.

Илустративни примери за кампањата чија цел е да се дискредитира ЦИВИЛ

Во овој извештај, ги објавуваме најилустративните примери за кампањата чија цел е да се дискредитира ЦИВИЛ, да се омаловажи трудот на организацијата и да се убедат луѓето во нешто што е спротивно на фактите.

Профилот „Љупчо Павловски“ напиша: „Вие сте платени. За дезинформација“.

Профилната фотографија – руското знаме – доволно зборува за овој профил.

Профилот „Тања Невски“ коментира: „Поубав пример за дезинформација, нарачани и платени текстови од ова што вие го „пишувате“ здравје…“

На нејзиниот Фејсбук профил стои дека живее во Москва, Русија. Дополнителен коментар не е потребен.

Профилот „K. Теодора“ напиша: „Смешно, вие самите сте пример како се шират дезинформации…“.

Теодора, која пишува дека ЦИВИЛ шири дезинформации, објавува пропагандни содржини во кои, меѓу другото, пишува дека „Русија е житница, заштитник и хранител, а не малите и горди републики.“

Профилот „Ду Несторов“ пишува: „Па вие и вашиот портал сте најголемата дезинформација“.

Целиот профил на ликот му е исполнет со објави на Левица и шефот на таа партија.

Профилот „Александар Унгар“ се впушти во ад-хоминем дискредитација: „Дерала ти си подвижна дезинформација“.

Ако му се погледне профилот на Фејсбук ќе се забележи дека Унгар е „тврдокорен“ и љубител на Путин. Па не е ни чудно да има вакво мислење за ЦИВИЛ и Дерала.

Профилот „Виолета Македонка Галевска“ пишува: „Дезинформација е кога на вас ќе ви платат да го напишете тоа што го сака власта од СДСМ и ДУИ и да го убедувате народот во лагите кои ги кажуваат тие“.

Напишала коментар, си ја заврши задачата и сигурно отиде да се пофали во штабот на Левица, чии објави споделува редовно.

Снежана Велковска пишува: „Вие сте први што ширите дезинформации и лаги. Вие сте гнаса од портал и треба сите да ве блокираме. Еве прва јас…“.

Велковска постојано споделува информации поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

Профилот „Митков Илија“ пишува: „Да има светско првенство во ширење дезинформации загарантирано ви е првото место“.

Ликот е е член на ВМРО-ДПМНЕ и љубител на Путин.

Хари Потер пишува: „Да ви се помочам на гомнарскиот дезинформативен портал“.

Ликот на Фејсбук е замотан со знамето на Вергина и објавува руска пропаганда. Една од пропагандните содржини е дека во Моска нема економска криза, односно не е осакатена од санкциите.

Профилот „Зоран Миленкоски“ коментира: „А вие демек вистината ја кажувате гниги фашистички.“

Профилот зад кој најверојатно стои актерот Сашо Тасевски кој стана познат, за жал, не по уметничкиот, туку по својот антизападен и националистички пропагандистички ангажман, веќе со години има „задача“ да плука по ЦИВИЛ. Тој не ја пропушти и оваа можност да се нафли со недолични изрази и говор на омраза против ЦИВИЛ.

Не останаа покусо ни други познати членови на трол армијата која шири дезинформации и говор на омраза.

Така, профилот „Златко Делов“ коментира: „Дезинформација е сето тоа што го објавувате на оваа северџанска страна.“ „Драге Станковски“ коментира: „Цивил продолжена рака на фашистите“, додека профилот „Љупчо Трајчевски“ се впушта во т.н. хаха-ганда, па пишува: „Цивил, портал платен од Кале и ЦИА, најде да зборува за дезинформации.“

Заклучок

Едукативните текстови и видеа, како што се ШТО Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА?, БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ 1 дел и 2 дел, како и ПОТЕКЛО НА ЗБОРОТ ДЕЗИНФОРМАЦИЈА и низа други, поместени во рубриката ЕДУКАЦИЈА, се наменети за информирање за основните поими и имаат цел да помогнат во борбата против дезинформациите. Тие се насочени и против последиците кои ги предизвикуваат креаторите и дистрибутерите на дезинформации, пропаганда, говор на омраза и теории на заговор. Очигледно, тие се најдоа засегнати со овие активности на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ МОНИТОРИНГ ТИМ

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ