• Latest

Еколошките налепници на автомобилите можат да влијаат на помалку од 0,38 отсто од загадувањето на воздухот

July 24, 2019

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Еколошките налепници на автомобилите можат да влијаат на помалку од 0,38 отсто од загадувањето на воздухот

Сообраќајот учествува со нецели 2 отсто во вкупното загадување со цврсти честички ПМ 10 и ПМ 2,5, стои во Планот за чист воздух, што Владата го усвои во ноември лани, со најава дека за две години ќе го преполови аерозагадувањето во Скопје, а за третина ќе го намали во другите градови

July 24, 2019 13:57
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ИГОР К. ИЛИЕВСКИ

Забраната за движење на автомобили без еколошка налепница може да влијае на помалку од 0,38 отсто од загадувањето на воздухот со вкупни цврсти честички, покажува споредбата на податоците од неколку државни студии.

Собраниската Комисија за економски прашања во вторникот прифати четири од 13 амандмани на  текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила. Со нив се отфрли предвидената обврска возилата задолжително да подлежат на еколошка категоризација според степенот на загадување, но се воведува забрана за управување на некатегоризирани возила, или возила без зелена налепница, во зони што при зголемено загадување ќе им бидат забранети за движење. Во деновите кога локалните власти ќе прогласат таква забрана, во тие зони ќе може да се движат само возила со зелена маркичка.

Сообраќајот учествува со нецели 2 отсто во вкупното загадување со цврсти честички ПМ 10 и ПМ 2,5, стои во Планот за чист воздух, што Владата го усвои во ноември лани, со најава дека за две години ќе го преполови аерозагадувањето во Скопје, а за третина ќе го намали во другите градови. Истите податоци се наведени  и во последниот Годишен извештај од обработени податоци за квалитетот на животната средина, објавен на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, но и во другите слични документи. Според податоците, сообраќајот учествува со 3,5 отсто во емисиите на ПМ 2,5 и со 1 отсто во загадувањето со ПМ 10, или со вкупно 1,9 отсто во испуштањето на вкупни цврсти честички (Total suspended particles – ТСП).

 

„Се очекува дека уделот на сообраќајот во емисиите на цврстите честички би се зголемил при примена на национални емисиони фактори за пресметка на емисиите од кочење и абење на гумите на автомобилите, но не се очекува дека сообраќајот би станал и клучен извор во емисиите на овие загадувачки супстанци. Oвој сектор и покрај тоа што има низок удел во вкупните емисии на национално ниво има значително влијание врз измерените концентрации на локално ниво. Сепак, останува фактот дека доминантната примена на дрвата за затоплување на домиќинствата како и непримената на најдобри достапни техники за редукција на емисиите во големите термоелектрани придонесуваат овие извори да се најдоминантни во емисијата на прашина на национално ниво“ стои во последниот Годишен извештај од обработени податоци за квалитетот на животната средина, објавен на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Панорама на Скопје, 4 декември 2018. Фотографија: Роберт Атанасовски

И во Скопје, сообраќајот произведува околу 4 отсто од ПМ 2,5 честиците, покажува студија на МАНУ презентирана на конференцијата „Загадување во градовите на Република Македонија: кои се решенијата?“ во ноември лани.

Но, главната вина во испуштањето на ПМ честици лежи во дизел-возилата. Тоа, пак, уште повеќе го намалува учеството на патничките автомобили во загадувањето со овие честици.

Според податоците на Државниот завод за статистика, околу половина од автомобилите возат на дизел, но ова гориво го користат повеќе од 90 отсто од автобусите и камионите. Осумдесет отсто од дизелот што се продава во земјава го трошат автобусите и камионите, се посочува во Националниот план за заштита на воздухот 2013-2018, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според овие податоци, од нецели 2 отсто учество на сообраќајот во емисиите на цврсти честички (ПМ), на камионите и автобусите, според потрошувачката на дизел, отпаѓаат 1,52 отсто, а останатите 0,38 остануваат на сметка на сите дизел автомобили во земјава.

Прашањето за ефикасноста на еколошките налепници беше поставувано многу пати во расправите за законските измени. На последната расправа, и заменик-министерот за економија Кире Наумов се согласил дека мерката нема да го реши загадувањето, но нагласил дека во секој случај ќе придонесе во негово намалување.

 


Овој текст, како и богатство од прилози за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, прочитајте на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

насловна фотографија: Архива на ЦИВИЛ

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ