• Latest

Економски новинари од 16 турски медиуми во посета на Македонија

July 3, 2018
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Економски новинари од 16 турски медиуми во посета на Македонија

July 3, 2018 09:47
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Економски новинари од 16 реномирани турски медиуми од 5 до 8 јули годинава ќе престојуваат во Македонија.

Како што информира Македонско-Турската комора (МАТТО) за МИА, целта е да се информираат за македонската економија и плановите за развој, а потоа, тоа да го споделат и турската јавност да ја запознаат со македонските инвестициски, економски, туристички и други потенцијали.

– Идејата е, исто така, новинарите да ја анимираат и деловната заедница на Турција за Македонија како економски партнер што ветува. Македонија со својата геостратегиска положба, евроатлантската перспектива и реформите кои значаат приближување кон ЕУ законодавството, има шанса да ги зголеми своите перформанси за турските инвстиции. Македонија за Турција може да биде регионален хаб (локација) или дел од него, во кој реално има интерес да се преселат производни индустрии наменети за ЕУ пазари, но и почва за современо земјоделско и сточарско производство, велат од МАТТО.

Според Комората, не треба да се забораваат ниту проектите со глобално значење како што е Патот на свилата, транспортните и енергетските коридори, и секако, блискиот балкански менталитет и културата, образованата и прилагодлива работна сила.

– Важно е Македонија да работи на себе, да има иницијатива и да ја артикулира, но и секогаш да има можност за партнерства, додаваат од МАТТО.

Иако поради политичката нестабилност турските инвестиции беа стопирани последниве две години, трговијата сепак, бележи благ раст – во првите шест месеци споредени со истиот период лани за 17,4 отсто и 30,5 проценти во однос на македонскиот извоз. Во 2017 година трговската рзмена беше 455,8 милиони долари што во однос на 2016-та е зголемување за 8,5 отсто.

– Нашите членки, турските инвеститори и македонските компани кои работат со турските партнери ја очекуваат  поддршката од двете влади во смисла на натамошна либерализација на трговијата и влегување во заеднички проекти од регионалното и ЕУ значење, потенцираат од МАТТО.

Воедно потсетуваат дека во декември 2016 година претседателот Ердоган на Генералното собрание на Одборот за надворешна економска соработка на Турција (DEIK), објави дека Балканот ќе биде натамошен фокус на економската и трговската соработка, при што турската Влада остана доследна.

– Посетата на премиерот Зоран Заев на Република Турција во февруари, средбите на највисокото ниво – со претседателот Ердоган, премиерот Јилдирим, претседателот на турското Собрание и Унијата на турските комори, го потврди заедничкиот интерес за продлабочување на билатералната економска соработка и поттикнувањето на трговијата, истакнуваат од Комората.

Посетата на министерот за економија Крешник Бектеши, пак, резултираше со замена на Протоколот за потекло од постоечката Спогодба за слободна трговија со Протоколот на Регионална конвенција за Пан евро медитерански правила за потекло  на стоки (ПЕМ) и проширувањето  на можностите за дијагонална кумулација на потекло на стоки со други земји. Со тоа се создадоа идентични услови во примената на правилата за потекло, при што дијагоналната кумулацијата ќе важи за земјите членки на ЕУ, ЦЕФТА и ЕФТА државите, а перспективно, и за земјите од Барцелонски процес, медитеранските земји не-членки на ЕУ.

На ова, дополнуваат од МАТТО, се чекаше од 2013 година откако двете земји пристапија кон Конвенцијата. Исто така беше договорено отворање на процесот на натамошна либерализација на трговија со земјоделски и прехранбени производи.(МИА)

Tags: економијазапознавањеМакедонијаМедиумипосетатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ