• Latest

Експлозивна агенда на претстојниот семинар на ЦИВИЛ во Велес

August 7, 2019
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Експлозивна агенда на претстојниот семинар на ЦИВИЛ во Велес

Првата антикорупционерка, Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Јовановиќ, градоначалникот на Велес, Коцевски, претседателот на ЦИВИЛ, Дерала, ќе говорат на семинарот на ЦИВИЛ во Велес...

August 7, 2019 15:18
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Билјана Ивановска, ДКСК, Бранимир Јовановиќ, Институт за општествени и хуманистички науки, до скоро, советник на екс-министерот за финансии, Тевдовски, Аце Коцевски, Градоначалник на Велес и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ, се дел од агендата на претстојниот семинар на ЦИВИЛ. Организацијата нуди ексклузивна можност за ограничен број посетители да присуствуваат на презентации и излагања на извонредно жешки теми, на семинарот „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, кој ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници е ограничен, па затоа, од организацијата повикуваат заинтересираните да го најават своето присуство, а го задржува правото на селекција на учесниците на настанот.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, ќе говори на тема „Институциите, медиумите и граѓанскиот сектор заедно во борба против корупцијата“, во среда, 14 август, со почеток во 15 часот. По излагањето на Ивановска, Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ќе одржи презентација на примери за злоупотреби на јавни ресурси и коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери. По овие излагања, следи дискусија.

Утредента, на 15 август (четврток), со почеток во 10:30 часот, ќе говори градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на тема: „Партнерствата меѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во обезбедување транспарентност одговорност на локално ниво“.

Исклучително интересната агенда на ЦИВИЛ продолжува со Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки, кој ќе говори на тема: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси (политички ветувања/остварувања, реформи и одговорност/отчетност)“ во четврток, 15 август, во 12 часот. По излагањата на Коцевски и Јовановиќ, ќе биде отворена можноста за прашања и коментари од присутните, во траење од по половина час. Тимот на ЦИВИЛ ќе ја одржи и кратка презентација под наслов: „Граѓански објектив – повеќе од проект“.

Останатиот дел од семинарот на ЦИВИЛ во Велес ќе биде посветен на стратешко планирање на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, финансиран од National Endowment for Democracy, на кој учествуваат исклучиво членовите на тимот за имплементација на проектот. Тимот на ЦИВИЛ ќе биде на располагање за изјави за локалните медиуми на сите прашања од интерес на јавноста, по претходна најава.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Формулар за пријава: ТУКА
Дополнителни информации побарајте на: civil@civil.org.mk или 02/5209 176 (секој работен ден, 9-17 ч.)

фотографија во прилог: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ