• Latest

Ем се заразени со омикрон, ем се на работа, брзите тестови не го „ловат“ омикрон

January 11, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Ем се заразени со омикрон, ем се на работа, брзите тестови не го „ловат“ омикрон

January 11, 2022 13:42
in Uncategorized, ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Ем се заразени со омикрон, ем се на работа. Голем број граѓани ги игнорираат симптомите на омикрон варијантата на коронавирусот и го шират вирусот на работните места. Тие ниту се тестираат, ниту се евидентирани во листата заболени на Институтот за јавно здравје, движењето не им е контролирано, ниту пак им се знаат контактите. Ова, заедно со масовните новогодишни прослави, се причините зошто бројот на новозаразени во земјава за една недела порасна за 50 проценти и сега активни се над 10.300 случаи, вели за „Слободен печат“ д-р Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје.

-Во моментот имам ист или поголем број на ковид пациенти без ПЦР тест отколку такви кои имаат направено. Повеќето прават брз тест дома сами и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација! Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, посочува д-р Лазаров.
Во амбулантите матичните лекари не можат да постигнат да прегледаат пациенти кои имаат температура, кашлица, течење на носот и изнемоштеност. Најчесто им се даваат витамини и им се препорачува одмор, а се прават и крвни анализи.

Во однос на бројките, кои секојдневно излегуваат во дневните статистики на министерството за здравство се очекува дека реалните бројки се за 5 до 10 пати поголеми.

„Еве зошто. Симптомите на омикрон не се разликуваат од оние на настинка. Тоа се симптоми на горните дишни патишта (најчесто кашлица, малаксаност, затнатост и течење на носот). Граѓаните веќе подолго време претежно се тестираат со брзи тестови од аптека. Нивната сензитивност се движи меѓу 30 и 60 проценти за делта. За омикрон е уште пониска. Значи, добиените негативни резултати се во голема мера лажно негативни.

И граѓаните слободно продолжуваат да се движат. Има и такви кои и со позитивни наоди тоа го прават, заради лесните симптоми, а има и такви кои, иако имаат симптоми, не се ни тестираат. Оттаму, бројот на позитивни ПЦР тестови ни оддалеку не ја отсликуваат вистинската состојба. Настрана фактот што за изработка на еден ПЦР тест потребни се најмалку неколку саата,објаснува во изјава за „Фокус“, епидемиологот  Драган Даниловски.

Омикрон веќе стана доминантна варијанта во земјава, покажува и анализата на Институтот за јавно здравје. Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела.Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05-10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68 проценти) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и Виница, Неготино, Битола по еден заразен.

Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27 проценти), 20-29(24 проценти) и 40-49(17 проценти). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2 процента). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години.

Според извештаите од болниците, наведуават од Здравство, моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41 процент повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица..

Д.М

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ