• Latest

Еминов: Државата не ги гледа бездомниците како луѓе

June 18, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Еминов: Државата не ги гледа бездомниците како луѓе

June 18, 2018 13:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Аљуш Еминов, човек без сопствен дом, се охрабри јавно да зборува за проблемите со кои со години се соочува, здобивајќи се со општествениот статус, бездомник. 

На панел – дискусијата „Кој ги тркала Ромите?“ во организација на ЦИВИЛ, Еминов изјави дека проблемот не е вчерашен или од пред две години, туку трае повеќе од 20 години независно од тоа кој е на власт.

„Две години сме на едно место, една локација, но проблемот постои повеќе од 27 години. Има над 150 семејства што се преместуваат на различни локации низ различни градови. Проблемот не е решен затоа што самата држава не ги гледа како народ. Ветувањата се многу големи од година в година, сите се надеваат на нешто подобро, меѓутоа секогаш се случува истото. Имавме една мала надеж кога пред да дојде на власт, сегашната министерка за труд и социјална политика, лично на мене ми вети дека работите ќе тргнат на подобро, дека луѓето не смеат да живеат така и дека ќе бидат вдомени. Меѓутоа постапувањето на новата власт во овие последни денови е обично копи пејст на претходната власт“, изјави Еминов објаснувајќи ги случувањата со отстранување на диво поставената населба во „Урбан парк“ во Скопје.

Еминов истакна дека постои обид за манипулација, но ако власта може да изманипулира 7 семејства, не може со сите, затоа што, за жал, многу семејства се во прашање.

„Ветија локација во Визбегово со тврда градба бараки за бездомните семејства, со струја, вода, канализација… Меѓутоа сместени се во домови за деца без родители. Условите и таму не се најсјајни. Во изминатите неколку месеци луѓето во неколку наврати бегаа од домовите… Но, интересен факт е што и во домовите не сакаат да ги примат овие луѓе. Тие биле во социјално и отаму ги упатиле кај Кале, таму да живеат 5 години за да можат се сместат во дом, како што е „Ранка Милановиќ“… Згрижувањето е месец, два додека не се разбегаат…“, изјави Еминов.

Еминов рече дека главното прашање што треба да се постави е зошто е потребно 5 години да се живее под Кале…

„Тие луѓе се 27 години на различни локации.. бездомник е бездомник без разлика дали живеел кај Стара Железничка, Автокоманда или под Кале“, заклучи Еминов.

Панел-дискусијата ги предизвика и претставниците на граѓанските огранизации што се борат за правата на Ромите да се вклучат и да ги прикажат предизвиците со кои се соочуваат од нивен аспект.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски

 

Tags: Aљуш ЕминовбездомнициРомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ