Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ, пренесува МИА.
Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението.
Границата за крајна потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа.