• Latest
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

ЕУ воведе санкции кон руски физички и правни лица поради смртта на Навални

March 22, 2024
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ воведе санкции кон руски физички и правни лица поради смртта на Навални

March 22, 2024 15:04
in ВЕСТИ, СВЕТ
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ во рамки на Глобалниот режим на Европската Унија за санкции за кршење на човековите права денеска воведе рестриктивни мерки против 33 лица и два затворски центри во врска со „ненадејната смрт во строгата казнена колонија“ на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

– Бавното убиство на Алексеј Навални од страна на режимот на Кремљ е јасен потсетник дека тој целосно не го почитува на човечкиот живот. Денешните санкции ја покажуваат нашата решеност да побараме одговорност од политичкото раководство и властите на Русија за континуираното кршење на човековите права во Русија, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир „Путин не е Русија, а Русија не е Путин“, па затоа ЕУ ќе продолжи да ги поддржува „граѓанското општество и независните гласови во Русија“.

Со новите санкции се опфатени казнените колонии каде што престојуваше Навални од јуни 2022 година, па до неговата смрт – Корективна колонија ИК-6 и Колонијата за корективна максимална безбедност ИК-3.

– Двете колонии се познати по физички и психолошки притисок, целосна изолација, тортура и насилство врз затворениците. На двете места, Навални се соочи со малтретирање, вклучително и повеќекратен престој во самица, како и сурово, нечовечко и понижувачко постапување, што доведе до сериозно влошување на неговото здравје, се наведува во одлуката.

Со санкциите се опфатени и првиот човек на ИК-3, Вадим Калинин и неколкумина началници во колонијата, како и судиите Андреј Суворов, кој лани го осуди Навални на 19 години затвор во колонија со специјален режим под нехумани услови, Кирил Никифоров, кој ја отфрли неговата жалба на одлуката на ИК-6 за неговото префрлање во казнена ќелија и Евгенија Николаева и Наталија Дудар, кои изрекоа голем број пресуди против политичките противници, вклучително и Навални, со што придонесоа за политичката репресија во Русија.

На листата на санкционирани се и високи функционери во казнено-поправниот систем и Министерството за правда на Русија, одговорни за извршување на затворските казни на Навални и други политички противници или затоа што не успеале да обезбедат заштита на човековите и граѓанските права и слободи.

Со денешната одлука, на листата на санкционирани според Глобалниот режим за санкции за кршење за човековите права сега се наоѓаат 104 физички и 23 правни лица од повеќе земји.

Оние кои се опфатени со режимот на санкции, се предмет на замрзнување на имотот и на забрана за обезбедување средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им се забранува патување во ЕУ.

– ЕУ е длабоко загрижена поради континуираното влошување на состојбата со човековите права во Русија. Незаконската, неоправдана и неиспровоцирана агресивна војна на Русија против Украина дополнително ја забрза внатрешната репресија во земјата, драстично ограничувајќи ја слободата на мислење и изразување, како и слободата на медиумите и воведувајќи воена цензура, се наведува во соопштението.

Комисијата посочува дека ЕУ продолжува да го осудува сериозното проширување на рестриктивното законодавство и систематската и интензивирана репресија против граѓанското општество и заштитниците на човековите права, како и несмалената репресија врз независните медиуми, одделни новинари и медиумски работници, членовите на политичката опозиција и другите критички гласови активни во Русија и надвор од неа.

– ЕУ го повторува својот повик до Русија веднаш и безусловно да ги ослободи сите оние кои се затворени врз основа на политички мотивирани обвиненија, се додава во соопштението.

Tags: ЕУНавалниРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ