• Latest
Фото: МИА Архива

ЕУ воведе санкции кон уште шестмина Руси поради кибер напади врз земјите членки и Украина

June 24, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

ЕУ воведе санкции кон уште шестмина Руси поради кибер напади врз земјите членки и Украина

June 24, 2024 12:59
in ВЕСТИ, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за воведување на рестриктивни мерки против шест лица вклучени во кибер напади врз информациските системи, поврзани со критичната инфраструктура, државни институции, оддели за складирањето или обработката на доверливи информации, како и со владините тимови за одговор при итни случаи во земјите членки на Унијата.

Како што соопшти Советот, со оваа одлука првпат се преземаат рестриктивни мерки против „кибер криминалните актери“, кои вршат напади врз софтверите за основни услуги, како што се здравството и банкарството.

На листата на санкционира на ЕУ поради кибер напади се додадени двајца членови на групата „Калисто“, Руслан Перетјатко и Андреј Коринец, Олександр Склианко и Микола Черних од хакерската група „Армагедон“, како и Михаил Царев и Максим Галочкин.

– „Калисто“ е група руски воени разузнавачи кои спроведуваат кибер операции против членки на ЕУ и трети земји преку постојани кампањи насочени кон кражба на чувствителни податоци во критичните државни институции, вклучително и одбраната и надворешните односи, се наведува во соопштението.

„Армагедон“ е хакерска група поддржана од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), која изврши различни кибер напади што имаа значително влијание врз владите на земјите членки на ЕУ и Украина, вклучително и со користење на електронска пошта и малициозен софтвер.

– Дополнително, санкционирани се и Михаил Царев и Максим Галочкин, клучните играчи во распоредувањето на злонамерните програми „Конти“ и „Трикбот“ и вклучени во „Визард спајдер“. „Трикбот“ е злонамерна програма на шпионски софтвер, создадена и развиена од групата за закани „ Визард спајдер“, која спроведува кампањи во различни сектори, вклучувајќи ги и основните услуги, како што се здравството и банкарството, и затоа е одговорна за значителна економска штета во Европската Унија, наведува Советот.

Со режимот на санкции на ЕУ поради кибер напади во моментов се опфатени 14 поединци и четири ентитети. Санкциите опфаќаат забрана за ставање средства на располагање на санкционираните лица и субјекти, како и замрзнување на нивниот имот, а дополнително на поединците и забрането патување во ЕУ.

– Со овие нови мерки, ЕУ и нејзините земји членки ја потврдуваат својата подготвеност да ги засилат напорите за да обезбедат посилен и поодржлив одговор на постојаните малициозни кибер активности насочени кон ЕУ, нејзините земји членки и партнери. Ова е во согласност со заедничките напори со нашите меѓународни партнери, како што се Обединетото Кралство и САД, да попречување и одговор на кибер криминалот. ЕУ останува посветена на глобален, отворен и безбеден кибер простор и ја повторува потребата од зајакнување на меѓународната соработка за да се промовира поредокот заснован на правила во оваа област, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката и соодветните правни акти за нејзина имплементација веќе се објавени во Службениот весник на Европската Унија.

ЕУ ја воспостави Рамката за заеднички дипломатски одговор на ЕУ на злонамерни кибер активности во јуни 2017 година и таа им овозможува на Унијата и нејзините земји членки да ги користат сите мерки од заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучително и санкции доколку е потребно, за спречување, обесхрабрување, одвраќање и одговор на злонамерните кибер активности насочени кон интегритетот и безбедноста на блокот.

Листата на ЕУ за рестриктивни мерки поради кибер напади кои претставуваат закана за ЕУ и нејзините земји членки беше воспоставена во мај 2019 година.

Советот посочува и дека ЕУ ќе продолжи да ја зајакнува својата соработка со партнерите, особено со Украина, за да ја унапреди меѓународната безбедност и стабилност во кибер просторот, да ја зголеми глобалната отпорност и да ја подигне свеста за кибер заканите и злонамерните кибер активности.

Извор: МИА

Tags: ЕУкибер-нападиРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ