20 цивили, меѓу кои и жени и деца, се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е уништена од руското гранатирање, објави во своето видео обраќање заменик-командантот на Азовскиот полк, Свјатослав Паламар (Калина), пренесува Укринформ.
„Од 19:40 часот на договореното место префрливме 20 цивили, кои беа извлечени од урнатините. Тоа се жени и деца. И се надеваме дека овие луѓе ќе бидат однесени во договорениот правец, поточно во Запорожје, до територија контролирана од Украина“, рече тој.
Според него, синоќа непријателската артилерија пукала на територијата на централата, при што нанела нови разурнувања и штети. „Примирјето“ не започна во 06:00 часот, како што беше ветено, туку во 11.00 часот.Евакуацискиот конвој пристигна дури во 18.25 часот, иако требаше да пристигне во 06.00 часот.
Паламар рече дека војниците на Азовскиот полк ја продолжуваат акцијата за спасување, со јажиња вадејќи цивили од урнатините: стари лица, жени и деца. Украинските борци се надеваат дека сите цивили ќе бидат евакуирани.
Истовремено, Паламар нагласи дека од непознати причини не е отворено прашањето за евакуација на ранетите војници на кои им е потребна итна медицинска помош.
„Нагласувам дека бараме да се гарантира евакуација не само на цивилите, туку и на нашите ранети војници на кои им е потребна медицинска помош“, рече тој.
Како што е соопштено, руските војници предизвикале голема хуманитарна катастрофа во Мариупол. Напаѓачите бомбардираат невооружени жители и ја блокираат хуманитарната помош.
Во фабриката за челик Азовстал во Мариупол има околу 1.000 цивили и украински војници, меѓу кои и околу 600 ранети. Украинските власти бараат Русите да обезбедат итен хуманитарен коридор од опколената челичарница Азовстal.
Подготви: Д.Мишев