• Latest

Еврокомисијата подготвува закон за заштита од странско влијание во ЕУ

September 30, 2023
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Еврокомисијата подготвува закон за заштита од странско влијание во ЕУ

September 30, 2023 12:35
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија подготвува нов закон чија цел е заштита на европските демократии од странско влијание, преку воведување обврски за транспарентност на изворите на финансирање и поврзаноста со трети земји за оние ентитети кои „сакаат да влијаат врз јавното мислење и демократската сфера“.

– Не треба да бидеме наивни, видете ги постапките на Кремљ и другите актери од трети земји. Крајно време е да излезе на виделина прикриено странско влијание и сомнителното финансирање, изјави неименуван претставник на ЕК за „Еурактив“.

Законот, кој беше најавен по избувнувањето на скандалот „Катаргејт“ поврзан со поткуп на европратеници, првично беше планиран за вториот квартал на 2023 година, но неговата подготовка се одолговлече по реакциите на невладините организации кои обвинија дека по примерот на Законот за странски агенти на САД, тој би можел повеќе да ограничи дел од граѓанското општество, отколку странските режими. Според најновите најави, законскиот текст, чија примарна цел ќе биде справување со руското и кинеското влијание во ЕУ, би требало да биде предложен од страна на ЕК во текот на ноември.

Одолговлекувањето на подготовката на законот го намали временскиот простор за негово усвојување пред европските избори во јуни идната година, бидејќи тој треба да ги мине сите процедури за носење законски регулативи во ЕУ, вклучително и добивање поддршка од Европскиот парламент и Советот на ЕУ, односно земјите членки.

Организациите за човекови права предупредуваат дека законот би можел да биде искористен од властите на некои земји членки за таргетирање на политичките противници и критички настроените невладини организации. Како пример, тие ја посочуваат Унгарија, каде Владата на Виктор Орбан ги користи законските регулативи за странско финансирање на граѓанскиот сектор за пресметка со невладините организации и групи кои промовираат демократска слобода и заштита на правата на ЛГБТ+ лицата.

Американскиот Закон за регистрација на странски агенти во првата верзија е донесен во 1938 година со цел да го ограничи влијанието на странските влади и пропаганда во САД, на начин што ги обврзува лоби групите и невладините организации да го пријавуваат потеклото на средствата од кои се финансираат, како и евентуалната соработка со „странски агенти“. Како „странски агенти“ се дефинирани поединци или ентитети вклучени во домашното лобирање или застапување во интерес на странски влади, организации или лица.

Според активистите за заштита на човековите права во САД, ваквата широка дефиниција на поимот „странски агенти“, која опфаќа странски влади, поединци, фондации, невладини организации и компании, им наметнува повеќе ограничувања на американските граѓански организации, отколку на пример на кинески „Хуавеј“ или руски „Газпром“.

Министерството за правда на САД води истрага за фондот Archegos Capital Management на Бил Хванг, објави денеска Блумберг. При крајот на март фондот објави стечај што предизвика загуби од окол

Европските невладини организации, пак, потсетуваат дека на ниво на ЕУ, како и во некои од земјите членки, меѓу кои и Франција и Германија, постојат регистри на лобисти и лоби групи, кои ги поседуваат клучните податоци за тоа кој плаќа за лобирање.

Тие сметаат дека ако ЕУ сака да се справи со заканите од влијанието врз демократијата, ќе треба да бара поголема транспарентност и потекло за финансиите од сите застапници на интереси, без разлика дали се финансирани од странство или не.

Според групата, Опсерваторија Корпоративна Европа (ЦЕО), ваквата директива би можела да претставува „ризична алатка со веројатно негативни влијанија врз граѓанскиот простор“. ЦЕО во одговорот на јавната консултација на Европската комисија за подготовка на законот, посочи дека ЕУ треба да го реформира сопствениот Регистар за транспарентност, кој ги евидентира активностите за лобирање во институциите на Унијата и кој содржи многу малку записи за лобирањето во име на владите на трети земји, иако пријавувањето на таквите активност и сега е задолжително. Регистарот не е правно обврзувачки, нема санкции за непочитување на регулативата за негово функционирање и таа слабо се спроведува, посочуваат од ЦЕО.

Во прилог на своите аргументи, противниците на ваквата законска регулатива, го посочуваат примерот на Грузија, една од земјите аспиранти за членство во ЕУ, која по меѓународните критики во март годинава го укина својот закон за „странски агенти“.

Извор: МИА

Tags: дезинформацииЕУстрански влијанија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ