Членовите на Социјалдемократскиот клуб во Парламентот на ЕУ повикуваат на независна истрага за сите пријавени нерегуларности на вчерашните избори и истовремено изразуваат целосна поддршка за народот на Србија кој бара правда, демократија и европска иднина, се вели во нивното соопштение.
Социјалдемократите, втората по големина група во парламентот на Европската унија, изјавија дека изборите му донесоа нова победа на претседателот Вучиќ и неговата СНС, но дека веродостојните извештаи за изборна измама и тврдењата за невидено насилство предизвикуваат сериозна загриженост, пренесува Нова.рс.
Андреас Шајдер, член на набљудувачката мисија на Парламентот на ЕУ, рече дека ја поздравува високата излезност, поголема од претходните избори:
„Веста за автобуси со нежители кои доаѓаат во Белград да гласаат се шокантни. Во еден демократски свет не смее да се дозволи кражба на гласови, поткуп и корупција. Србите заслужуваат правда и демократија, а не лажни изборни процеси со насилство и поларизација. Сите пријавени неправилности мора да се истражат. Многу сме загрижени поради наводите за притисок од гласачите, говор на омраза во кампањата, малтретирање новинари и граѓанско општество во Србија, злоупотреба на државни ресурси и потенцијално руско мешање“, вели Шнајдер.
Тие се особено загрижени за наводите за кражба во Белград, која ја одзеде победата на опозицијата и додаваат дека „ЕУ мора да ја прекине политиката кон Вучиќ и да обезбеди Србија, како најголема земја во регионот, целосно да ја преземе одговорноста за стабилноста во Западен Балкан“.
Републичката изборна комисија на вчерашната седница ги отфрли сите приговори поднесени до тоа тело во врска со спроведувањето на изборите во Србија на ниво на република на 17 декември.
Подготви: Д. Мишев