• Latest

Европски парламент: Без спроведување на договорот со Бугарија нема напредок кон ЕУ

March 12, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Европски парламент: Без спроведување на договорот со Бугарија нема напредок кон ЕУ

March 12, 2026 12:15
in ЕВРОПА, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент на 11 март 2026 усвои Извештај/Резолуција за политиката на проширување на ЕУ, во кој повторно се нагласува дека процесот на пристапување мора да остане строго базиран на заслуги и реформи, без политички „брзи решенија“. Резолуцијата беше усвоена со 385 гласа „за“, 147 „против“ и 98 воздржани.

Во документот европратениците нагласуваат дека нема кратки патишта кога станува збор за вредностите и основните принципи на ЕУ и дека проширувањето мора да биде мерит-базиран и реверзибилен процес, што значи дека напредокот на секоја држава зависи од реформите и почитувањето на европските стандарди.

Во документот се повторува дека процесот на пристапување кон ЕУ е мерит-базиран и заснован на владеење на правото, демократски стандарди и почитување на меѓународните договори. Европратениците нагласуваат и дека „нема кратки патишта“ кога станува збор за основните принципи на Унијата.

Со други зборови, европската интеграција не може да се темели на политички импровизации или на надеж дека договорените правила ќе се променат ако се смени власта во некоја земја членка или во Скопје.

Договори што не можат да се избришат

Во резолуцијата повторно се нагласува дека Северна Македонија треба да продолжи со спроведување на договорите со соседите, пред сè Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Овие договори одамна не се само билатерални политички документи. Тие се инкорпорирани во преговарачката рамка на ЕУ, што значи дека се дел од официјалните услови за напредок во пристапните преговори. Оттука, секој обид тие да се третираат како „преговарачки материјал“ за нови политички договори е, во суштина, политичка илузија.

Политичкиот наратив во Северна Македонија

Владата на Христијан Мицкоски, односно самиот премиер, во повеќе наврати најавуваше дека ќе бара „подобро решение“ од она што беше договорено во европската преговарачка рамка во 2022 година.

Но резолуцијата на Европскиот парламент покажува дека во Брисел не постои политичка волја за отворање на веќе договорениот пакет. Напротив, пораката е дека правилата на игра се познати и дека напредокот зависи од нивното спроведување.

Во таа рамка, уставните измени – односно внесувањето на бугарската заедница во Уставот – остануваат формален предуслов за отворање на следната фаза од пристапните преговори.

Тоа ја става домашната политичка сцена во веќе позната ситуација: Владата ја одложува одлуката, опозицијата ја користи темата за политички притисок, надевајќи се дека со тоа нешто ќе се постигне, а европскиот процес и понатаму останува блокиран.

Пораката е јасна, но за кого? 

Европскиот парламент во резолуцијата истовремено испраќа и поширока порака: проширувањето на Унијата кон Западен Балкан е геополитички интерес на Европа, но тоа не значи дека критериумите ќе бидат релативизирани.

Европратениците предупредуваат дека процесот на проширување е реверзибилен, што значи дека назадување во демократијата, владеењето на правото или медиумските слободи може да доведе до забавување или замрзнување на преговорите.

Брисел и Европскиот Парламент повторно укажуваат дека уставните измени поврзани со внесување на Бугарите во Уставот остануваат дел од условите за продолжување на пристапните преговори.

Останува на Северна Македонија да одлучи. Не толку за тоа дали земјата сака членство во ЕУ – што формално го поддржуваат речиси сите политички актери – туку дали постои реална подготвеност да се преземат неопходните чекори што тој пат ги подразбира.

Старото прашање со нова тежина

Резолуцијата на Европскиот парламент не ја менува суштината на процесот, но ја прави дилемата уште поочигледна. Европскиот пат на Северна Македонија и натаму е отворен, но условите за движење по тој пат одамна се поставени. Сè друго, барем засега, останува повеќе дел од домашната политичка реторика отколку од реална европска политика.

Но, овојпат европатенците дадоа и јасно предупредување – непроширувањето можеби скапо ќе ја чини Унијата, отколку прием на нови членки. Но, доколку има демократско назадување преговорите може да се замрзнат или да се вратат назад. Пристапот мора да остане строго заснован на заслуги и исполнување на критериумите, што значи дека секоја земја кандидат напредува според спроведените реформи.

Со други зборови, Владата и Мицкоски европската интеграција не можат веќе да ја темелат на политички импровизации или на надеж дека договорените правила ќе се променат.  Не можат веќе да балансираат меѓу проевропската ориентација и домашниот политички отпор кон уставните измени и бугарските услови, барајќи „дополнителни гараниции“ и „подобро решение“ оставајќи ја дебатата отворена за политички препукувања. Брисел е јасен во своите барања. Всушност и Мицкоски е јасен – додека тој е премиер Бугари нема да влезат во Устав.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ