• Latest
Добро утро со Орданоски

Фамилијата се отсели. Сега што правиме?

November 22, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Фамилијата се отсели. Сега што правиме?

November 22, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]еодамна, еден дамнешен познаник, „прогресивен вмровец“, ми направи убава паралела: како што, на почетокот од деведесеттите, по падот на комунизмот и доаѓањето на демократскиот плурализам во Македонија, комунистичките структури и тој општествен менталитет останаа долго време многу присутни елементи во владеењето со државата, барем до победата на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година; така и сега, после една деценија „продлабочена“ власт на Груевски, не може да се очекува дека општествениот менталитет и институциите во државата ќе се променат за една-две години по доаѓањето на новата власт. Општествено-политичката трансформација што во стилот, содржината и целите на владеењето ги востоличи Груевски – она што денеска генерички го означуваме како „груевизам“ – се подлабоки од можноста со нив да се раскрсти со една обична победа на избори, после сите трауми низ коишто помина и државата и нејзините граѓани за ефектуирање на паѓањето на претходната власт!

Оваа теорија на одредена политичката инерција, всушност, е само „политизација“ на Првиот Њутнов закон на механиката, кој вели: „Тела кои мируваат настојуваат да останат во мирување, а тела кои се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја надворешна сила.“

Во случајот на „рамномерното праволиниско движење“ на Никола Груевски додека беше на власт, „надворешната сила“ што, разорно, дејствуваше, се викаше Зоран Заев, иако и него можете да го третирате како генеричко, збирно име на разни домашни и странски фактори кои придонесоа за падот на Груевски од власт. Но, дека беше разорно – беше, со конечно катапултирање до Будимпешта!

Сега за Заев, пак, блокаторот на неговото движење откако е дојден на власт е претходната инерција, тоа праволиниско движење на Македонија што му го остави Груевски во наследство. Еден збир на вмровско еднодецениско дембелеење на државна сметка – идеал на кој многумина и во СДСМ завидуваат! – во комбинација со мноштво приватни интереси и националистичка демагогија, здружно споделена со албанските криминогени партнери за кои, пред бродот да потоне, имаше подготвен чамец за спасување – солиден чамец, ги спаси од давење, сега даваат часови по веслање и на новите партнери во власта!

Сепак, со наглото заминување, во дистинктивно различни насоки, на Груевски и на Мијалков од македонската политичка сцена, се отвора широк друм за растурање на таа наследена, Њутнова, системска инерција. Груевизмот незапирливо ќе се рони, а нема веќе и вадење на потпишаните банкарски гаранции. И тие се во СЈО, претпоставувам.

Евро-атлантската понуда е и во излогот и зад тезгата во дуќанот на Заев, сега со него ќе се решава дали ќе има или ќе нема нешто од „бизнисот“. Завршено е со средбите и со консултациите во „Мериот“. Оние што се паметни брзо разбраа дека сега дијалогот е директен, без посредници. За оние што поспоро капираат („Апсењето на Мијалков ги загрозува уставните промени“ – немој, бе!), би требало да се упатни наодите на анкетата на Телма/МЦМС според која големи две третини од македонската јавност бара спроведување на правната држава во Македонија, без каква било амнестија. Политичка цена ќе се плати, Заев прв сам се пријави.

Тоа важи и за Мицкоски кому, во отсуство на Груевски и Мијалков, можеби парадоксално, му се стеснува маневарскиот простор за продолжено „гуслање“ на патриотските партиски гусли заради штитење на… Што?… На одговор на тоа прашање повеќе не помага маневрирањето помеѓу „чуњевите“ што му ги поставуваше Фамилијата на патот.

Но, Фамилијата тукушто се отсели, трајно. Сега е на ред враќање на кредибилитетот, и дома и во странство, по можност без клечење по партиски бини. Рејтингот на Мицкоски му е многу низок, ама, па, од тука се може само нагоре. На него е изборот дали ќе останат во друштво на европските демо-христијани или ќе се отпишат од таму, за да заминат со Орбан во изгледната група на десните и уште подесните популисти.

Македонија, сепак, и за нивна среќа, веќе не е Унгарија. Ама за тоа во ВМРО-ДПМНЕ ич не се заслужни. Напротив.

 

 


ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share440TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ