• Latest
Добро утро со Орданоски

Фифти-фифти телефонска афера

December 3, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Фифти-фифти телефонска афера

December 3, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о оваа земја сите станавме експерти за проблематиката за прислушување телефони. Мислам дека нема друга држава во светот во која, на квадратен километар, по глава на жител, од година на раѓање, имало повеќе афери за прислушување, од оваа наша Северна Македонија.

Со таа експертиза зад себе, си дозволувам да изјавам дека последниов телефонски скандал, соопштен речиси на станување на прес-брифинг од страна на државниот јавен обвинител, мене ми изгледа, така, малку фиши-фиши… Дал е ова нова афера? Дал е уште еден телефонски заговор против независноста на обвинителите и судиите? Или некој, сепак, не го дочитал до крај упатството за употреба на телефонската централа!?

Прво, ако успеав добро да сфатам, во Јавното обвинителство уште пролетоска нашле два хард-диска на кои, никој не знае зошто и со чија наредба, се снимани сите локални телефонски разговори во зградата на Обвинителството – па, зошто сега, зимоска, ни се соопштува таа спектакуларна вест, дека се води и предистрага за тоа откритие, ако до сега ни на информативен разговор не се поканети некакви, некои луѓе?! Или на обвинителиве им прејде во навика да ги предупредуваат потенцијално осомничените во петок дека од понеделник може некој да биде повикан на распит, за да им се даде цел викенд да заминат за Огнената земја или во Того, со карта во еден правец?!

Второ, премиерот, кој изгледа уште како мал има голтнато нога од кокошка, кога го бањале во казанот на Астерикс со магичната течност за храброст и издржливост, во свој стил ја дополни информацијата со викендашки бонус-податок дека не е само Обвинителството во кое се снимани разговорите, туку истата практика е правена и во Скопска Единица…

На тоа, трето, Партијата која што се гордее со својот почесен криминален претседател кој е во бегство, превентивно, фати да докажува дека откриените хард-дискови снимале (од 2016 г.) во период кога технички предизборен министер во МВР бил тогашниот и сегашниот претставник на СДСМ, што значи дека мора да е сегашната власт организаторот на снимањето и евентуалниот корисник на податоците од снимките… Како северно-македонската јавност да е падната од Марс, па заборавила, веројатно заради потресот на мозок од ударот со глава при паѓањето од Марс, дека најголемиот лиценциран илегален телефонски оператор во земјава се вика ВМРО-ДПМНЕ во чие време (2013) е вселувана и телефонски опремувана барокната ротонда на Обвинителството, кога таа си мислеше дека со контрола на комуникациите на секој полнолетен граѓанин во земјава  партијата-оператор ќе остане на власт 100 години?!

Дури, четврто, и човекот за кого се плетат легенди дека испарил во вид на македонска правна пареа, а кој се отповикува на името Марко Зврлевски и кој е во мртва трка со Јово „Превара“ и со Михајло Маневски за освојување на престижната де-национална награда „Најголеми неказнети правни штетници на 21 век“, изјави дека тој поим нема за што се работи, општо, за животот, и посебно, за неговите телефонски приклученија.

На сето тоа, петто, се јави тогашниот технички, а сегашниот политички министер во МВР, кој уредно им соопшти на илегалните телефонски оператори дека ќе си се спроведе истрага до крај, која ќе открие кој, точно, стои зад ова замешателство. Доколку се испостави дека има замешателство, оти упатствата на телефонските централи допрва ќе се читаат во детали.

И така. Ни ден без афера. Оваа, мене ако ме прашувате, е фифти-фифти афера, бидејќи ми изгледа малку бајата, а на брзина соопштена, недопечена-препечена…

Ако. Мора и ние од медиумите од нешто да живееме!

 

 


Преземање на содржините од оваа рубрика е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share273TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ