• Latest

Филипче: Ќе се гради нова Градска болница на местото на Мајчин дом

June 1, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Ќе се гради нова Градска болница на местото на Мајчин дом

June 1, 2018 14:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информира дека пред две недели ги финализирале работите за кредитната линија со банката на Советот на Европа за изградба на новиот Клинички центар.

– Заеднички заклучивме дека е потребно делот за Клиничкиот центар во Скопје да се откаже, а понатаму да аплицираме за нашиот нов концепт. Тоа и го направивме. На крајот на месецов е закажан нов состанок со претставници на банката за дополнително кредитирање за новиот Клинички центар и во наш план е нова болница на местото на сегашниот Мајчин дом, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање по отворањето на Сензорната соба во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје.

Филипче појасни дека Мајчин дом е место каде можат да се изградат 19.000 метри квадратни и смета оти е најсоодветно за да се префли старата Градската болница, која се наоѓа спроти Собранието на РМ и  зафаќа простор од околу 5.000 метри квадратни.

– Таму е почната реконструкција, но инфраструктурата е многу стара. Сметаме дека е невозможно да се доврши соодветно и тоа да биде една модерна здравствена установа. Дополнително и вработените се согласни со овој концепт, рече Филипче.

Во останатиот простор што може да биде на располагање на местото на сегашниот Мајчин дом, Филипче најави дека ќе разговараат со претставници на интерните клиники затоа што сметаат дека тоа е соодветно место и оти дел од нив може да се префлат таму. Додаде дека дел од интерните клиники работат во лоши услови и имаат многу оштетувања на покривот, чести поплави…

– Нема да наметнуваме решение. Ќе го изнајдеме заедно со стручните директори на клиниките и со колегите од клиниките, рече Филипче.

Прашан кој треба да се грижи за хигиената на Клинички центар, Филипче рече дека таа е во ингеренции на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), но пред неколку години од МЗ им е одземена и бил распишан тендер за чистење на кругот на Клиничкиот центар.

– Ние затекнавме хаотична ситуацијата во која немаше важечки договор. Во разговор со директорката на СОЗР се договоривме дека таа ингеренција треба да им се врати. За кратко време ќе почне постапка за распишување тендер за компанија која ќе го чисти кругот на Клиничкиот центар, а под ингеренции на СОЗР. До тогаш неколку скопски општини и Град Скопје излегоа во пресрет и во неколку наврати се исчистија улиците низ  Клинички центар и се собра ѓубрето, рече Филипче.

Мининистерот за здравство рече дека дополнително во следните неколку недели планираат целосна промена на оштетениот асфалт на сите улички во рамки на кампусот. (МИА)

Tags: Венко ФилипчеградиМајчин домнова Градска болницаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ