Владата почнува масовна кампања за подигање на јавната свест за вакцинација, откако антивакциналните дезинформации и наративи сериозно го контаминираа јавниот простор и социјалните мрежи.
– Граѓаните што шират лажни вести мора да имаат предвид дека со тоа се загрозува јавното здравје и тоа може да значи оптоварување на болниците и преидизвикување да не се вакцинираат граѓаните. Тоа е сериозна работа. Имаме сериозен проблем во болниците. На протестите не сме слушнале некоја издржана контрааргументација освен навреди и закани. Има и голем број граѓани кои се вакцинираат, па и тоа е сериозен глас на граѓаните. За медицинските лица кои изнесуваат вакви тврдења, Лекарската комора сериозно ги анализира овие написи и ќе излезе со свој став, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата, одговарајќи на прашањето на Слободен печат.