Гледам како провладини профили водат наратив дека опозицијата ги организира протестите. Со ова не само што ги навредуваат луѓето што протестираат, туку и покажуваат целосно отсуство на емпатија кон сопствениот народ. Наместо да преземат одговорност и да бараат решенија, тие повторно бегаат од вистинските проблеми и ја сведуваат јавната болка на политички пазар, пишува лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
– Трагедијата треба да ја обедини нацијата во жалост и барање одговорност – не да се сведува на политичка пресметка. Обидот да се етикетира гневот на граѓаните како „опозициски организиран“ е само очајничка стратегија за да се одвлече вниманието од системските пропусти. Влада што се плаши од гласот на сопствениот народ веќе признава дека потфрлила.
Историјата е сведок дека секоја власт што не ги слушала граѓаните, на крајот била казнувана, вели Филипче.