• Latest

ФИТР: Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

January 30, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР: Земјава ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади

January 30, 2021 09:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во ерата на дигитална економија која овозможува се поголема слобода во начинот на работење, државава има голем потенцијал да привлече експерти од целиот свет. Дополнително, КОВИД кризата придонесува за зголемување на стапката на вработени кои работат од далечина, а со тоа се зголемува и свеста за можностите и придобивките кои ги нудат овие луѓе, е заклучокот од интерактивниот вебинар „Зошто дигиталните номади и стартап основачи треба да дојдат во Северна Македонија“.

На вебинарот дискутираа директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, поранешниот извршен директор на Start-Up Chile, Себастијан Дијаз Меса, дигигиталниот номад од Канада, Саманта Миките, како и коосновачот на Стартап Македонија, Нина Николиќ.

Како што соопшти ФИТР, Микит која изминатиов период работела во земјава, рече дека е фасцинирана од потенцијалот за развој и привлекувањето дигитални номади. Таа преку своето искуство ги потенцира придобивките кои дигиталните номади ги имаат со тоа што ќе одлучат да работат во нашата земја.

-Особено сум горд што Република Северна Македонија е една од ретките земји која ќе ги отвори вратите на дигиталните номади. Со стимулот која нашата земја го дава за нивен развој, ќе создадеме европски стандарди и услови за странските претприемачи да работат и живеат во земјата. Сега е ерата на дигиталните номади, кои ќе донесат огромни придобивки врз локалната економија како и шанса за соработка и вмрежување со македонските стартапи, истакнал Петров на вебинарот.

Дијаз Меса смета дека ставањето на талентот во центарот е она што му овозможува на екосистемот да расте. Чиле го докажа тоа уште пред 10 години кога беше создаден Start-Up Чиле како најдобриот претприемачки екосистем во регионот.

-Северна Македонија покажува уште поголем потенцијал, да се внесе разновидност во  локалниот екосистем за зајакнување на претприемништвото и иновативноста, како клучни компоненти на современите економии, истакна Дијаз Меса.

Според Николиќ, „Стартап Македонија” целосно ја поддржува иницијативата за дигитални визи за номади. Со тоа, смета, им се дозволува на меѓународните експерти и осовачи на стартапи да имаат подолг престој во нашата земја и да создадат уште поголемо влијание во новата економија.

Неодамна беше формиран Стартап совет на ФИТР чија главна цел е креирање долгорочна стратегија за привлекување дигитални номади во Северна Македонија.

Директорот на Фондот за Иновации, Коста Петров, на Конференцијата на ЦИВИЛ, „Перспективи 2021“ што се одржа во декември минатата година, објави новини во работата на Фондот, односно, се осврна на дигитализацијата на општеството и бизнисот во земјава, улогата на старт-ап системот во македонската економија, како и новитетот „Дигитални номади“ со кој Фондот за иновации ќе учествува активно во креирање и поддршка на економијата во земјата.

Петров објасни што значи изразот „дигитални номади“, и ја претстави стратегијата создавање на нова работна сила за поддршка на економијата на Македонија, што ја подготвува Фондот за иновации, со поддршка од МВР и од Владата.

Коста Петров за „Перспективи 2021“: Единствената приказна којашто можеме да ја изградиме за Македонија е преку иновациите

Tags: бизнисдигитални технологиииновацииКоста ПетровФИТР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ