Categories

ОТВОРАЊЕ ФЕИТ отвора Центар за трансфер на технологии и иновации

Центар за трансфер на технологии и иновации (ИНОФЕИТ) ќе биде отворен денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Од ФЕИТ информираат дека на отворањето на Центарот ќе се обратат  деканот на овој факултет Димитар Ташковски, ректорот на УКИМ Никола Јанкулоски и министерката за образование и наука  Рената Дескоска.

– Центарот е замислен како место за интеракција помеѓу кадарот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што треба да овозможи конекции и трансфер на технологии и нови иновативни идеи што треба да го помогнат економскиот раст на секторот и општеството во целина, велат од ФЕИТ.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email