• Latest
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Нема да има „скратени патеки“, нема автоматизам за членство во ЕУ

October 6, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фон дер Лајен: Нема да има „скратени патеки“, нема автоматизам за членство во ЕУ

October 6, 2023 20:18
in ИЗЈАВИ
Foto: Wikimedia commons

Foto: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето претставува геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот и е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на разликите меѓу земјите и мора да ги поттикнува вредностите на кои е основана Унијата, се наведува во завршната Декларација усвоена на денешниот неформален Самит во шпанскиот град Гранада, пренесува МИА.

Како што информира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата по Самитот, лидерите на Самитот ја реафирмирале посветеноста на проширувањето, но и го потврдиле ставот дека тој процес ќе се врши според принципот на заслуги.

– Нема да има „скратени патеки“, нема автоматизам за членство во ЕУ. Тоа мора да е базирано на заслуги. Кога велиме базирано на заслуги, тоа не значи дека само земјите кандидати мора да ги исполнат своите обврски, туку и ние мора да ја завршиме својата домашна задача за да бидеме подготвени, доколу земјите кандидат бидат подготвени за членство, да можеме да ги примиме, изјави Фон дер Лајен.

Според неа, процесот на зачленување ќе се базира исклучиво на индивидуални заслуги и почитување на Копенхашките критериуми.

Фон дер Лајен најави дека на почетокот на ноември Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство, кој ќе се разгледува на Самитот на ЕУ во декември.

Иако во завршната Декларација не се споменува 2030 како датум за прием на нови членки, според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, тој останува како цел за проширувањето, но и земјите кандидати за членство мора да покажат јасен напредок во остварувањето на реформите.

Тој потенцира дека процесот на проширува мора да се забрза, бидејќи земјите кандидати, пред сè оние од Западен Балкан, премногу долго чекаат на членство.

Во делот на идното проширување во Декларацијата од Гранада се нагласува дека гледајќи во иднината кон перспективата за понатамошна проширена Унија, и ЕУ и идните земји членки треба да бидат подготвени за членство.

– Претендентите за членки треба да ги засилат своите реформски напори, особено во областа на владеењето на правото, во согласност со природата на процесот на зачленување заснована на заслуги и со помош на ЕУ. Паралелно, Унијата треба да ги постави потребните внатрешни основи и реформи. Ќе ги поставиме нашите долгорочни амбиции и начините за нивно остварување. Ќе одговориме на клучните прашања поврзани со нашите приоритети и политики, како и со нашиот капацитет да дејствуваме. Ова ќе ја направи ЕУ посилна и ќе го зајакне европскиот суверенитет, се додава во Декларацијата.

Tags: ЕУреформиУрсула фон дер Лајен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ