Нашиот колега, Драган Мишев, е на дочек на новата година во Солун од каде што испрати неколку фотографии.
Во кратката размена на пораки во заедничкиот чат, првиот впечаток што го сподели Драган со нас беше – „веќе со часови сум во Солун, а ниту една петарда не слушнав да пукне“.
„Луѓето пуштаат лантерни во облик на срце, кои потоа се креваат нагоре, како лампиони закачени на небото“, опишува Драган.
Нашиот колега вели дека градските власти организирале диџејска забава и прекрасно ги украсиле плоштадите, улиците, целиот град.
„Диџејска забава организира Градот на сцената кај Белата Кула, но луѓето се забавуваат насекаде. Се веселат, танцуваат по улиците, пред кафе баровите“ – раскажува Драган – „Инаку, градски власти не воделе сметка составот на изведувачите на сцената да биде моноетнички, како што тоа го направија нивните колеги од Град Скопје, туку напротив, составот е интернационален“.
„Фала ти, малака, убаво да си поминеш“, му пишав.
„Евхаристо, исто и ти“, ми одговори Драган.
„Среќна Нова!“
„Среќна Нова!“
Џ. Д.