• Latest

“Фридом хаус”: Македонија бележи пад во сите категории!

April 12, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Фридом хаус”: Македонија бележи пад во сите категории!

April 12, 2016 15:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Пад во шест од седум политички и општествени категории бележи Македонија, според најновиот извештај на „Фридом хаус“ – “Нации во транзиција”. Генералната оценка за демократскиот развој во Македонија од 4,07 минатата година, се качува на 4,29, на скала каде 1 – е најдобра, а 7 – најлоша оценка. Заклучокот од овој извештај е дека – живееме во хибриден режим.

Категориите како што се изборен процес, независни медиуми, национално демократско владеење, правна рамка и независност, корупција и демократски рејтинг, оваа година се оценети полошо, споредено со изминатите осум години.

“Демократското владеење во Македонија продолжува да се влошува и во 2015 година.  Според извештајот на Европската комисија за 2015 година за напредокот на Македонија, земјата заостануваше во голем број на области, особено во судството и слободата на изразување”, стои во последниот извештај на „Фридом хаус“.

Влошувањето на политичката криза, укажувањата на масовно незаконско следење на граѓаните и на огромни злоупотреби од претставниците на власта, индикациите за изборна измама со што се фрла сомнеж врз веродостојноста на претходните национални избори, како и индикации за политичко мешање во работата на судството и сомневања за вмешаност на високи официјални претставници на Владата во голем број на корупциски шеми, се само дел од посочените причини за падот на демократијата во Македонија.

Untitled

Најнегативната оценка од 5,25 – се однесува на медиумските слободи. Како причина за тоа се наведуваат индициите за незаконско следење на новинари, наводна Владина контрола врз уредувачката политика на медиумите, а се зголемуваат и заплашувањето и нападите врз новинарите.

Единствено се бележи нагорна линија во категоријата – граѓанско општество, што зборува за позитивниот ефект од вклучувањето на граѓанските организации како што е ЦИВИЛ – Центар за слобода во политичките и општествените процеси во државата.

Полоша  оценка за демократијата во регионот добила само  Босна и Херцеговина – 4,50 по што следува Македонија – 4,29, Црна Гора – 3,93, Србија – 3,75 и Хрватска со оценка – 3,68.

Марија Теговска

Tags: анализадемократијаМедиумиНации во транзицијаслободаФридом ХаусЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ