• Latest
Phoro source: www.g20.org

Г20 ламентира за „неизмерни човечки страдања“, но не ја виде руската злосторничка агресија против Украина

September 10, 2023

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Г20 ламентира за „неизмерни човечки страдања“, но не ја виде руската злосторничка агресија против Украина

Темата на индиското претседателство со Г20 е „Една земја · едно семејство · една иднина“ и ја потврдува вредноста на целиот живот – човечкиот, животинскиот, растелниот и оној на микроорганизмите – и нивната меѓусебна поврзаност на планетата Земја и во поширокиот универзум. Навистина!?

September 10, 2023 11:23
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Phoro source: www.g20.org

Phoro source: www.g20.org

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА

Самитот на 20-те најголеми економии во светот (Г20) е важен глобален настан кој им дава такт на светските економски, но и општествено-политички збиднувања и процеси. Оваа година, самитот се одржа во индиската престолнина Делхи, на тема „Една планета – едно семејство – една иднина“. На овој голем настан не учествуваа шефовите на Русија и Кина, но имаа свои претставници.

Тема инспирирана од древните упанишади

Како што пишува на веб страницата на Г20, темата на индиското претседателство со Г20 – „Васудаива Кутумбакам“ или „Една земја · едно семејство · една иднина“ – е извлечена од античкиот санскритски текст Маха Упанишад.

Во суштина, темата ја потврдува вредноста на целиот живот – човечкиот, животинскиот, растелниот и оној на микроорганизмите – и нивната меѓусебна поврзаност на планетата Земја и во поширокиот универзум.

Почит кон микроорганизмите, но…

Но оваа филозофска позиција со која се промовира длабока почит кон целокупниот живот во светот и универзумот, вклучително и на микроорганизмите, покажа премалку почит за огромните човечки жртви во Украина, под бруталниот терор на руската воена машинерија.

За што се работи?

Како и по секој настан на кој се разменуваат ставови и се презентираат стратегии, и овој заврши со декларација, за која индискиот премиер со нескриено задоволство објави дека е „прифатена со 100% консензус“. Самитот и декларацијата најавуваат неколку значајни глобални процеси кои имаат потенцијал да ги променат светските економски, но и општествено-политички текови.

Опасен компромис со државата терорист

Самиот текст на декларацијата, за кој индискиот премиер се гордее дека е успех, затоа што е прифатлив за сите, донесе едно крајно непријатно изненадување – драстична промена на вокабуларот што се однесува на руската агресија против Украина.

Со други зборови, текстот на Делхиската декларација морало да биде прифатлив за Русија, без оглед на тоа дали ќе биде подеднакво прифатлив и за Украина.

Почит кон микроорганизмите, но не и кон украинските човечки животи!

Најголемите и најмоќните демократии направија опасен компромис со државата терорист, како и со државите што покажуваат попустливост или на различни начини ја поддржуваат руската брутална и геноцидна војна против Украина. Ако декларацијата од самитот во Бали, 2022, силно и со згрозување ја осуди руската агресија, таа од Делхи е нешто сосема спротивно.

Делхиската декларација – охрабрување за рашизмот

Во декларацијата објавена на 9 септември, големите 20 изразуваат „длабока загриженост за неизмерното човечко страдање и неповолно влијание на војните и конфликтите ширум светот“.

Овој став е формулиран на тој начин што секоја држава, вклучувајќи ги и агресорите, може да си ја толкува како што ѝ одговара. Декларацијата на ниту еден начин не ја осудува руската агресија.

Ламентирањето за „неизмерното човечко страдање“ не значи ништо. Напротив, може да значи само охрабрување за рашизмот на Москва да продолжи со својата бруталност, злосторства против човештвото и геноцид против Украина. И било каде во светот.

Без оглед на тоа што некои тоа сакаат да го толкуваат како обид да се избегне антагонизација меѓу Москва и Западот, се работи за еден, може да се рече, срамен компромис. Индискиот премиер нема со што да се гордее, иако се очигледни намерите да го употреби „успехот“ на самитот за домашни, предизборни цели.

Цинизмот на индиската дипломатија: За Украина – без Украина

Сепак, можеше да се очекува ваков развој на настаните, сосема различен од самитот во Бали, 2022, за време на индонезиското претседавање со Г20. Во Бали беше поканет украинскиот претседател Зеленски да ја претставува својата земја. Во Делхи, Украина не беше поканета.

Толку од принципот „нема никогаш да се одлучува за Украина, без Украина“.

Цинизмот на индиската дипломатија оди дотаму што ја одрекува дури и самата намера да се направи компромисна декларација со исплакната реторика за Русија да се согласи да се потпише. За индискиот министер за надворешни работи, запрашан од новинарката на Би-Би-Си дали ова се случува поради потребата од руски потпис, се работи за „поинаква ситуација“.

„Би рекол само дека Бали беше Бали, а Њу Делхи е Њу Делхи. Бали беше пред една година, ситуацијата беше поинаква. Оттогаш се случија многу работи“, изјави индискиот шеф на дипломатијата, Џаишанкар.

Тој невешто се обидува да манипулира со светската јавност, велејќи дека геополитичкиот сегмент од декларацијата има осум параграфи од кои седум се фокусирани на украинското прашање.

Па дотолку повеќе, толку да се напише за Украина и никаде да се понуди формулација што ќе понуди барем навестување за осуда на геноцидната агресија против Украина и загрозувањето на светскиот мир и стабилност, претставува дрско и цинично поигрување со елементарната логика, а уште повеќе со човечноста! И сето тоа скриено зад „почит кон животот“, вклучувајќи ги и микроогранизмите.

Русија води војна против Украина и демократскиот свет – Делхиската декларација нема одговор

Светот е сведок на брутална агресија против Украина што ја почна и ја води, никој друг, туку Русија. Истовремено, Путин влезе и во жестока конфронтација против НАТО и демократскиот Запад – со пропаганда и хибридни напади.

Зошто сега едногласно се усвојува декларација што со ниту еден збор не спомнува дека се работи за руска воена агресија против независна, демократска и суверена Украина!?

Се чини дека Г20 оваа година нема одговор, наспроти мотото со кое настапува земјата-претседавач: Една земја · едно семејство · една иднина.

Навистина цинично, зарем не?

Уште еднаш, ја видовме моќта на оружјето и геноцидните стратегии на дело. Политичките декларации се креираат соодветно на тоа колку агресорот може да се согласи со нивното значење и колку може да прогласи дипломатска и политичка победа, а не кои се фактите на реалноста.

Останува на овој цинизам да одговориме со цинично прашање: Дали во Делхи победија воените злосторства и почитта кон микроорганизмите?

(продолжува)


Извадок од продолжението: Наспроти овие непријатни преседани изразени во декларацијата на Г20, сепак, се наѕираат и неколку стратешки репозиционирања кои имаат потенцијал да донесат поинакви резултати од оние што навидум ѝ одговараат на Москва.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Г20ДекларацијаДелхикомпромисруска агресијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ