• Latest
Фото: Даниеле Ферари/Фејсбук

Генералoт кој го извести Путин дека Купјанск е окупиран мистериозно исчезна – лагата ја проширија и дел од македонските медиуми

December 22, 2025
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Генералoт кој го извести Путин дека Купјанск е окупиран мистериозно исчезна – лагата ја проширија и дел од македонските медиуми

December 22, 2025 13:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Даниеле Ферари/Фејсбук

Фото: Даниеле Ферари/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Генералот кој неодамна му рапортирал на шефот на Кремљ, Владимир Путин, за окупацијата на градот Купјанск, во Харкивскиот регион, исчезнал во Русија. Можно е тој да е оној кој бил пронајден мртов пред некој ден, според тврдењето на украинскиот претседател Владимир Зеленски дадено во интервју за ПАП.

На 20 ноември, рускиот генерал-полковник Сергеј Кузовлев го информирал Путин дека руската армија целосно го окупирала Купјанск. Сепак, на 12 декември, Зеленски го посети градот и сними видео, побивајќи ги тврдењата на Русија за целосна окупација.

Руски извори подоцна тврдеа дека Кузовлев бил награден со титулата „Херој на Русија“ по тој извештај.
Наместо тоа, следеше украински контранапад – и тивко исчезнување на генералот од очите на јавноста.

Зеленски истакна дека ситуацијата на бојното поле останува тешка, но нагласи познат образец: руското раководство постојано тврди дека има контрола врз Купјанск – тврдења кои подоцна се покажаа како неточни.
Тој не го именуваше директно генералот. Сепак, според едно широко распространето видео го прикажува генералот Сергеј Кузовлев како му рапортира на Путин за целосното заземање на Купјанск, се чини дека претседателот веројатно мислел на него.

„Путин често зборуваше за контрола врз градовите… Видовме видеа каде што генералот известуваше за нивното заробување. Подоцна, отидов во Купјанск. Ситуацијата беше навистина тешка, а фронтовската линија беше многу блиску. Сепак, нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, рече Зеленски.

Тој додаде дека неодамнешните извештаи укажуваат дека руски генерал е пронајден мртов и не исклучува дека ова е лицето што го имал на ум.

„Потоа овој генерал исчезна, којзнае каде. Вчера или завчера, имаше вест дека починал. Мислам дека ова е истиот генерал. Секоја информација треба да се провери десет пати, но ако исчезнал, нема да бидам изненаден“, заклучи претседателот.

Очигледно, освен Путин и шефот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, на изјавата на генералот Кузовлев поверуваа и дел од македонските медиуми, кој секако слепо веруваат на секоја вест произлезена од (дез)информативната кујна на Кремљ, и истата ја пренесуват како готова работа, без притоа да побараат дополнителна информација од другата страна.

Па така, со наслови како Украина во тешка позиција: Руските сили го зазедоа Купјанск; РУСКАТА ВОЈСКА ГО ОСВОИ КУПЈАНСК Безусловно да се постигнат целите на Специјалната воена операција, им рече Путин на генералите; Русија: Го освоиме Кунјанск; Руска армија: Го освоивме градот Купјанск; па дури и наслов како излезен од устата на најголемите руски пропагандисти, Маргарита Симонјан и Владимир Соловјев –  „Купјанск е ослободен“, побрзаа да ја проширират „радосната“ вест за големиот „успех“ на руската војска, која се испостави дека била дезинформација и само пуста желба на Путин и неговите поддржувачи.

Се чини дека глорифицирањето на Руската агресија врз Украина и славење на руските „успеси“, на овие македонски медиуми им стана своевиден заштитен знак.

Во меѓувреме: Ситуација на фронтот

Пред неколку дена, врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, рече дека украинските војници ги истиснале руските војници од Купјанск и ја презеле контролата врз речиси 90% од територијата на градот.

Според Институтот за проучување на војната (ISW), Русија продолжува да ги преувеличува своите успеси на фронтовските линии, тврдејќи дека во 2025 година освоила повеќе од 6.300 квадратни километри украинска територија. Аналитичарите велат дека тврдењата на Русија не ја одразуваат реалноста.

Драган Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ