• Latest

Геополитика на празниот простор: Лекцијата што Европа одбива да ја научи

March 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Геополитика на празниот простор: Лекцијата што Европа одбива да ја научи

March 18, 2026 10:33
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Иванов

Иако модерната форма на организација на државите, каква што ја познаваме, најчесто се врзува за Вестфалскиот мир од 1648 година, потребата од организирано живеење, одбрана и колективна заштита е стара колку и самата цивилизација. Уште од првите трајни населби, човекот разбрал една едноставна вистина: без ред, без структура и без моќ што ќе го брани заедничкото, нема ниту сигурност, ниту просперитет. Формите се менувале низ милениумите, но суштината останала иста, а тоа е дека опстануваат оние заедници што умеат подобро да се организираат, да акумулираат ресурси и да ја заштитат сопствената позиција.

Токму тука почнува политиката, но и геополитиката. Подобро организираните општества создаваат повеќе капитал, повеќе богатство, повеќе влијание. А со тоа, речиси по правило, доаѓа и стравот дека стекнатото може да биде загрозено. Меѓу големите држави, заканата често не се чита само во силата на противникот, туку и во неговата непредвидливост, хаотичност и рудиментарност. Историјата е полна со такви парадокси. Рим, на пример, со децении ја доживувал Картагина како егзистенцијален предизвик, не само како конкурент, туку како алтернатива што мора да биде отстранета. И токму затоа, големите сили ретко се задоволуваат со рамнотежа: тие бараат средина во која ризикот ќе биде минимизиран, а поредокот ќе биде обликуван според нивните правила.

Анатомија на моќта: Од легии до стипендии

Римската историја нуди уште една важна лекција: империите не паѓаат само од ударите на надворешните непријатели, туку многу почесто од сопствената внатрешна ерозија. Римскиот „униполарен момент“, кој започнува со Октавијан Август и се протега низ ерата на петте добри императори, претставува пример за апсолутна доминација во тогашниот свет. Но, таа доминација никогаш не била само воена. Рим не владеел само со легии, туку и со патишта, право, администрација, културен престиж и со способноста да ги интегрира перифериите во сопствениот систем. Кога таа интегративна способност ослабнала, а институциите почнале да попуштаат под тежината на корупцијата, самоволието и лошото лидерство, распаѓањето станало прашање на време.

Тоа е важна поука и за современиот свет. Големите сили не се одржуваат само со оружје, бази и буџети за одбрана. Тие траат кога, покрај тврдата моќ, знаат да користат и мека моќ: култура, образование, идеи, институции, вредности, модели на живот и чувство на припадност кон еден поширок поредок. Меката моќ не е украс на геополитиката – таа е нејзин најсофистициран инструмент. Со неа не се освојуваат територии, туку умови. Не се покоруваат држави, туку се обликуваат елити. Не се присилуваат општества, туку се наведуваат доброволно да гледаат кон одреден центар како кон природен репер на успех, стабилност и иднина.

Американскиот политички проект е можеби најуспешниот модерен пример за таква синтеза меѓу институционална моќ и стратешка визија. САД не станаа глобална сила само затоа што имаа огромен континент, природни ресурси и економска експанзија, туку и затоа што уште од почетокот беа поставени од луѓе со исклучително развиено чувство за историја, право и државност. Американските основачи не импровизираа; тие ја преведоа европската просветителска мисла во функционален политички модел. Тоа е сосема видливо ако ја прочитате Декларацијата за независност и првите пишани Устави од Вирџинија (1776), а потоа и на САД (1787).

По 1945 година, Вашингтон не ја гради само безбедносната архитектура на Западот, туку и неговата интелектуална, културна и развојна инфраструктура. Стипендии, академски размени, фондации, развојни агенции, експертски мрежи, програми за обука, а сето тоа создаде свет во кој американското присуство не се чувствуваше само во воените бази, туку и во универзитетите, невладиниот сектор и медиумите, создавајќи генерации лидери што политички израснаа во таа матрица.

Илузијата на празниот простор

Токму затоа денешното повлекување на Америка од делови на таа мрежа не е банална буџетска корекција, туку промена со длабоки последици (најавеното Министерство за владина ефикасност предводено од Илон Маск и радикалните буџетски кратења).

И така доаѓаме до двете правила: Прво, големите сили ретко прават нагли пресврти, но кога ќе почнат да ја менуваат насоката, тој процес не останува локален. Во геополитиката, инерцијата е правило, а промената кога конечно ќе дојде – е сеизмичка. Со други зборови, Големите сили се инертни – тие не менуваат курс лесно (great powers don’t pivot!).

А второто правило е уште побрутално: во геополитиката не постои празен простор. Вакуумот никогаш не останува вакуум. Ако една сила се повлече, друга ќе влезе. Празниот простор е илузија. Секој простор што не е уреден од вас, ќе биде уреден од некој друг.

Западниот Балкан е класичен пример за таква зона на надметување. Тој е периферија што лесно може да стане коридор, мост, тампон-зона или арена за натпревар на различни визии за иднината. Кој ќе биде доминантен наратив тука, никогаш не зависи само од локалните општества, туку и од тоа кој е подготвен систематски да инвестира во присуство.

Во денешниот текст ќе се обидам да направам колумнистичка анализа на двата алтернативни модели (или стратешки пристапи) кои го пополнуваат вакуумот: Турција и Кина.

Турската мека моќ: Стратегија на емоционална поврзаност и неоосмански прагматизам

За разлика од другите глобални актери кои своето влијание го градат исклучиво преку економски или институционален притисок, Турција со години спроведува длабока и конзистентна политика на мека моќ која се потпира на еден клучен адут: историската и цивилизациската блискост. Анкара на Балканот, а особено во Македонија, не настапува само како обичен економски актер или странски инвеститор, туку како културен и политички партнер кој споделува заедничко минато.

Турција нуди емоционална и симболичка поврзаност, што претставува најсилната и најотпорната форма на влијание. Ова се постигнува преку неколку добро координирани канали:

  • Институционална меморија и реставрација (ТИКА). Преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Турција инвестираше милиони во реставрација на османлиското културно наследство во земјава – од Мустафа-пашината џамија во Скопје и Исак-џамијата во Битола, до бројни амами, саат-кули и спомен-куќи (како онаа на родителите на Кемал Ататурк). Ова не е само заштита на архитектурата, туку суптилно реафирмирање на турското историско присуство како нераскинлив дел од локалниот идентитет.
  • Образовна и културна дипломатија. Преку Институтот „Јунус Емре“ и огромниот број владини стипендии (Türkiye Bursları), Турција едуцира илјадници македонски студенти кои подоцна се враќаат како своевидни амбасадори на турската култура. Дополнително, преку фондацијата „Маариф“, турската држава активно отвора училишта кои нудат алтернатива во образовниот систем.
  • Медиумска пенетрација. Турските телевизиски серии станаа најмоќното оружје за поп-културна дипломатија. Тие со години доминираат во македонскиот етер, проектирајќи слика за модерна, економски моќна, но традиционална Турција. Ова создава огромни симпатии кај пошироката јавност, независно од нивната етничка или верска припадност.

Но, како што наложува геополитиката, турската мека моќ никогаш не е само културна. Емоционалниот капитал секогаш се претвора во политичка предност. Силното културно присуство ѝ овозможува на Анкара полесно да ги остварува своите стратешки воени и безбедносни интереси, да лобира за своите компании на тендери и да ја одржува својата позиција на клучен поддржувач на земјава во НАТО алијансата. Со ова, Анкара докажува дека нејзиното присуство не е само носталгично, туку длабоко прагматично.

Кинескиот пристап: од патишта кон мека моќ во Македонија

Кина, како глобална суперсила, континуирано учи и стратешки се адаптира. По 2012 година, нејзиниот модел за инвестирање во глобалната економија се базираше на едноставна, но моќна формула: нудење брз капитал, изградба на масивни, видливи инфраструктурни проекти и оставање впечаток на супериорна ефикасност.

Во политички уморни средини како македонската каде што со децении сведочиме на ерозија на институционалната меморија, партизација, пад на општествената дисциплина и губење на елементарната грижа за заедничкото добро – ваквиот кинески пристап изгледаше како совршен прагматичен излез. За македонските политички елити, кинеските кредити (како оние од кинеската Ексим банка) беа исклучително привлечни бидејќи доаѓаа без „европските лекции“ за владеење на правото, транспарентност или болни структурни реформи. Резултатот од оваа прва фаза во Македонија беше договорот со државната компанија „Синохидро“ (Sinohydro) за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Тоа беше класична инфраструктурна дипломатија: брз договор за видлив резултат.

Но, Кина учи од сопствените искуства на терен. Пекинг многу брзо увиде дека само финансирањето инфраструктура крие огромни ризици по нивниот углед. Случајот со автопатот Кичево-Охрид, кој заглави во децениски одложувања, лошо проектирање, политички скандали и судски процеси покажа дека видливите проекти можат лесно да се претворат во видливи неуспеси. Кина сфати дека огромните кредити и тоните истурен бетон, доколку не се придружени со човечко поврзување, културна промоција и директна комуникација со граѓаните, не успеваат да го изградат потребниот позитивен „бренд“ на државата. Без мека моќ, Кина во очите на јавноста остануваше само далечен кредитор кој прави зделки исклучиво со корумпирани елити.

Затоа, кинескиот пристап во Македонија денес радикално се менува и се диверзифицира со активности во областа на културата, едукацијата и брендирањето. Инфраструктурата повеќе не е единствената алатка; фокусот се префрла кон освојување на симпатиите на јавноста преку следниве канали:

  • Академско и јазично влијание. Отворањето и активното работење на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој нуди бесплатни или субвенционирани курсеви по кинески јазик, култура и таи чи, директно таргетирајќи ги младите генерации.
  • Стипендии и студиски престои. Се помасовното доделување на стипендии за македонски студенти да студираат во Кина, како и организирањето на целосно платени студиски патувања за македонски новинари, уредници, академици и државни службеници. Целта е тие лично да го видат „кинеското чудо“ и потоа позитивно да известуваат за него дома.
  • Здравствена дипломатија. За време на пандемијата со КОВИД-19, кога западните механизми за достава на вакцини доцнеа, Кина експресно испорача пратки од вакцината „Синофарм“, градејќи слика на сигурен партнер кој помага во криза кога ЕУ ја остава периферијата да чека.
  • Локална културна промоција. Зголемен број на културни настани, преводи на дела од кинески автори на македонски јазик, донации за помали општини и училишта, и прослави на Кинеската нова година во центрите на македонските градови.

Кина научи дека вистинското и долготрајно влијание не се купува само со автопати, туку се гради преку умови, култура и перцепција. Денес, нивното присуство во Македонија е многу посуптилно, но токму затоа и многу повкоренето.

Европското самозалажување

Но, најголемиот проблем не е ниту Турција, ниту Кина. Најголемиот проблем е европското самозалажување. Европската Унија предолго живее во уверувањето дека нејзината привлечност е толку очигледна, што не бара сериозно политичко одржување. Тоа е опасна заблуда. Ниту една привлечност не е вечна ако не се обновува. Ако Европа сака да биде повеќе од регулаторна суперсила, таа мора повторно да научи дека влијанието се гради, а не се подразбира.

Особено на Балканот, Европа премногу долго се однесуваше како проширувањето да е техничка постапка, наместо геополитичка нужност. Наместо силна политичка визија, нудеше бирократски јазик. Наместо историска припадност, нудеше услови и одложувања, оставајќи впечаток дека регионот е вечна чекалница. А во чекалници, луѓето почнуваат да бараат други врати.

Одлуката Америка делумно да се повлече од овие мрежи можеби има логика. По осум децении американски чадор, разумно е да се очекува Европа да го преземе товарот за сопственото соседство. Но, Европа сè уште не делува како геополитички субјект со единствен рефлекс. Таа е економски гигант, но политички доцни и одлучува со темпо што не одговара на времето во кое живееме.

А геополитиката ги казнува неодлучните. Просторот што денес не сте го пополниле со свои идеи, утре ќе биде полн со туѓи. Прашањето не е дали Европа може да си дозволи да инвестира во Западниот Балкан, туку дали може да си дозволи да не инвестира. Ако дозволи нејзината периферија постепено да биде освоена од други актери, последиците ќе се вратат во самото срце на Европа преку безбедносни ризици и ерозија на европскиот идентитет.

Големите сили не пропаѓаат само кога ќе ослабат материјално. Тие пропаѓаат кога ќе дозволат периферијата да престане да ги гледа како центар на иднината. Европа денес стои токму пред таков тест. Ако не сака да ја научи лекцијата на празниот простор, тогаш ќе ја научи онака како што историјата секогаш ги учи неодлучните – предоцна.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ