Остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните е главната цел на новиот проект „Гласам, значи постојам“ што го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода.
По тој повод денеска во центарот на Скопје, ЦИВИЛ постави инфо-штанд на кој граѓанките и граѓаните имаа можност да се информираат и да се запознаат со активностите и целите на проектот. Тие исто така имаа можност да се пријават за мониторинг на претстојниот референдум закажан за 30 септември.
Повикот за пријавување на набљудувачи на референдумот трае уште денеска. Сите заинтересирани можат да се пријават со поплнување на он-лајн формуларот или со испраќање на кратка биографија на [email protected]
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
К.С.