• Latest

Гласањето на уставните измени не треба да бидe предмет на дневно политичка дебата, порача Ковачевски

June 29, 2023
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гласањето на уставните измени не треба да бидe предмет на дневно политичка дебата, порача Ковачевски

June 29, 2023 14:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача премиерот Димитар Ковачевски од Берлин.

Пораката на германскиот канцелар Шолц, според Ковачевски, била исклучително јасна дека Германија останува еден од најпосветените партнери којшто дава најголема и најсилна поддршка на земјите од Западен Балкан.

–  Канцеларот беше многу јасен дека Германија стои зад нас и дека она што е договорено со 27-те земји членки на ЕУ и е дел од Преговарачката рамка, практично е она, до што се придржуваат земјите членки и на ЕУ., Гаранција се земјите членки на ЕУ, 27-те земји членки и особено оние коишто се најголеми и  најмоќни во ЕУ, а тука спаѓа и Германија, изјави денеска Ковачевски.

Посочи дека била изразена и германската поддршка во однос на гласањето на уставните измени за вклучување на други делови на народи вклучително и на бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав.

–  Тоа е одлука што треба да се донесе до завршување на скринингот со цел процесот да не застане и да може Северна Македонија непречено да ги продолжи отворањата на поглавјата и реформите што ќе следуваат, за што повторно ќе бидат потребни две третини во Собранието во делот на реформата на правосудството, јавната администрација, медиумите. Се се тоа закони што се менуваат со две третини мнозинство. Затоа велам дека овој тип на гласање и реформи не треба да бидат дел од дневно политичка дебата, рече Ковачевски.

Повтори дека уставните измени се процес којшто не треба да се брза, туку треба да помине низ широка општествена дебата.

Тој потсети дека на лидерската средба беа прифатени сите барања кои ги имаа ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Христијан Мицкоски и напомена оти сега треба им да се даде простор тој процес кај нив да се усогласи, и да може да се приклучат кон процесот на носењето на уставните измени.

-Сметам дека опозицијата треба да се вклучи во овој процес. Овој процес не е процес на еден човек, на една Влада или на една политичка партија. Ова е широк општествен процес каде што се носат и ќе се носат одлуки во иднина, за кои е потребно дво третинско мнозинство, без разлика која политичка партија е на власт. Сите пратеници во Собранието имаат обврска да работат за граѓаните бидејќи нив граѓаните ги избрале и мислам дека има капацитет нашето Собрание да донесе таква одлука, рече Ковачевски.

Како што напомена, постои доволно време пред нас, за предлогот да биде доставен до Собранието. Тој потенцираше дека предлогот треба да се разгледа во Собранието преку демократска дебата.

Согласно Преговарачката рамка, како што посочи, уставните измени треба да бидат донесени до денот на одржување на Втората меѓувладина конференција.

-Втората Меѓувладина конференција е дел од Преговарачката рамка. Во моментот кога завршува скрининг процесот, се прават извештаите и без никакво одложување се закажува Втората меѓувладина конференција. До одржувањето на Втората меѓувладина конференција, треба да бидат направени уставните амандмани. Нивното стапување на сила треба да биде на денот или пред денот на одржување на Втората меѓувладина конференција, но, не после денот на одржување, потенцираше Ковачевски.

Tags: ЕУКовачевскиуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ