• Latest

Гласачките места се непристапни за лицата со попреченост!

February 20, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гласачките места се непристапни за лицата со попреченост!

February 20, 2017 13:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од  63 проценти од гласачките места во североисточниот регион на Македонија се непристапни за лицата со попреченост, особено за оние што се во инвалидска количка, a гласачката кутија не е на соодветна височина за да може лицето само да го остави своето ливче! Ова го покажуваат резултатите од анализата за учество на лицата со попреченост на парламентарните избори 2016, која ја спроведе Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

На првата тркалезна маса во организацијана „Инклузива“ – „Еднакво учество на лицата со попреченост во изборниот и политичкиот процес во Македонија“ беа претставени проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост на денот на изборите, но и во целиот предизборен период, кога немаат можност да ги добијат потребните информации за донесување  одлука за кого ќе гласаат.

„Кабината е непристапна, односно е со мала заштита на тајната на гласање и многу лица со попреченост одлучиле да не гласаат, за да не се наруши нивната тајност. Имаше реакции и од лицата со попреченост дека програмите на партиите воопшто не се достапни за лицата со оштетен вид, и за лица со интелектуална попреченост. Наша препорака ќе биде да бидат достапни во аудио-верзија и на лесно разбирлив начин“, вели  Благица Димитровска од невладината организација „Инклузива“.

Учесниците отворија дискусија за утврдените недостатоци и тешкотии со кои се соочија лицата со попреченост за време на изборниот процес, а беа предложени решенија и можни подобрувања на инклузивноста на изборниот процес и на самото гласање.

Денеска, активистите на „Инклузива“ се во Кратово, каде што ги претставуваат податоците од истражувањето, а до крајот на неделава ќе се одржи и трета тркалезна маса во Крива Паланка.

Во рамките на проектот е предвидено да се подготват и препораки и извештај што ќе биде доставен до релевантните институции, до општините што се задолжени за обезбедување на пристапот, до невладини организации, но и до Државната изборна комисија.

Марија Теговска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализагласачка кутијаизбориИнклузиваКумановоличности со попреченосттркалезна маса
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result