• Latest
Добро утро со Орданоски

Години на опасно живеење

October 31, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Години на опасно живеење

October 31, 2018 07:40
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Ц[/dropcap]елата неодговорна и опасна реторика за делење на политичарите и јавно ангажираните интелектуалци, па дури и обичните граѓани или членови на цели општествени и политички формации, на „предавници“ и „патриоти“, на која со години инсистираат највисоките и сите други ешалони на македонските националисти, мора итно и неодложно да престане!

Во репертоарот на политички дисквалификации и навреди, доколку веќе се инсистира на тоа, има доволно понижувачки и омаловажувачки квалификативи – на пример: лажго, глупав, прост и сл. – кои се доволно непријатни, но далеку побезопасни, отколку некого, од сопствената позиција на „патриот“, да го оквалификувате како „предавник“.

Бидејќи, дури и прашањето за тоа дали некој ја говори вистината (лажго!) или дали е доволно квалификуван, образован или воспитан за водење на одредена расправа (глупав!; прост!; и сл.) е подложно на одредена аргументација и „натпревар“ во докажување на спротивставените ставови. Но, суштината на обвинувањето за национално или идеолошко „предавство“ е дефинитивна, маневарскиот простор за водење на таквите расправи ги буди најниските страсти кај оној кој обвинува и ги активира основните одбранбени инстинкти кај оној кој е обвинет, а тоа не дозволува разумна размена на мислења и аргументи. Од таквото обвинување, до отворената закана по сигурноста и здравјето на опонентите, па дури и на членови на нивните семејства, дистанцата е молскавична, тоа речиси „природно“ води од зборови и закани, кон физичко насилство.

Во цивилизирани, правни држави, во кои нивото на политичката култура не се влече по земја, кога доаѓа до такви ситуации, сами од себе се активираат механизмите на правната и полициската заштита, по службена должност.

Во Македонија поминаа многу години на неказниво ширење на говор на омраза, на распишување јавни, персонализирани потерници по неистомисленици и на отворени закани по животот и здравјето на политичките противници, па на тоа некако сите навикнавме, го третираме како дел од домашниот политички фолклор, како неизбежна стилска фигура при ширењето на масовни политички хистерии. Кога тоа се прави на социјалните мрежи на интернет, најчесто и анонимно или под измислени идентитети, речиси го прифаќаме и за нормално однесување. Паметните секогаш им попуштаат на будалите, оти на будала, колку и да се трудите, не можете да му докажете дека е будала.

Таа општа ескалација во политичкиот речник – повторувам, кај нас особено карактеристична за оние со изразени националистички и шовинистички ставови – деновиве доживува опасен процут. Како тоа, прашувам, може некој да ви се јави од „непознат број“ и да ви се заканува по вашата и сигурноста на вашето семејство? Па, нема „непознат број“ за органите на правниот прогон: секој телефонски број во Македонија (а и интернет адресите, меѓу другото) е заведен на конкретно име и презиме, се знае кој е неговиот сопственик. На полицијата ѝ требаат не повеќе од ДЕСЕТ МИНУТИ за да констатира кој, точно, стои зад „анонимната“ закана!

За таквите заканувачи препорачувам апсења во раните утрински часови, со присуство на полициски камери и јавна објава на нивниот идентитет. Потоа треба да следува веднаш законски притвор и брзи судски процеси, со изрекување на највисоките законски затворски казни за предизвикување загроза на личната и општа безбедност.

Само така ќе се спречи опасноста од тоа некој да помисли дека Македонија е погодно место за „политички“ атентати, врз основа на нечија „патриотска“ проценка за тоа дали е некој друг „предавник“. Оти, ако не се направи тоа, тогаш група од вакви криминализирани будали ќе помислат дека можат да упаднат во Собранието и со насилство да ја сменат легално избраната власт во државата. А една друга група на нивни политички спонзори и инспиратори, не помалку криминализирани во своите идеи и постапки, ќе помислат дека за насилниците миже да се бара општа и итна амнестија, и тоа со високопарна политичка агенда за уцена на прогресивната иднина на целата нација.

Според тоа, не гледам дека има потреба од дополнителни елаборации: ако има закани, веднаш апсење! Направете им го заканувањето високо неисплатлива политичка практика.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share485TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ