• Latest
Фотомонтажа: ЦИВИЛ

Годишнина од бунтот на Пригожин: Што правaт денес „Вагнер“ и „трол-фармите“ за дезинформации без својот водач

June 25, 2024

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Годишнина од бунтот на Пригожин: Што правaт денес „Вагнер“ и „трол-фармите“ за дезинформации без својот водач

По смртта на Евгениј Пригожин во авионска несреќа на 23 август 2023 година, неговата приватна воена компанија Вагнер продолжува да постои под водство на неговиот син, додека неговите медиумски компании и таканаречените „трол-фарми“, вклучувајќи ја и озлогласената Агенција за истражување на Интернет (ИРА) продолжуваат да ја таргетираат публиката во Европа, САД, Украина и во Русија.

June 25, 2024 12:35
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: ЦИВИЛ

Фотомонтажа: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

•По смртта на шефот на Вагнер во авионска несреќа на 23 август 2023 година, неговата приватна воена компанија Вагнер продолжува да постои под водство на неговиот син, држејќи одделни одреди на платеници во Белорусија, Мали и Централноафриканската Република.

•Операциите за руско влијание поврзани со озлогласениот водач на платеничките трупи на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, остануваат активни и продолжуваат да ја таргетираат публиката во Европа, САД, Украина и во Русија.

ДРАГАН МИШЕВ

На 24 јуни 2023 година, Евгениј Пригожин се упати кон Москва со повеќе од 8 илјади припадниците на неговата платеничката армија „Вагнер“ кои маршираа кон руската престолнина против руската висока воена команда, обвинувајќи ги за корупција и неизвршување на службените должности. Русија потоа уапси неколку високи воени лидери под обвинение за корупција. Посебната цел на презирот на Пригожин, поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу, оттогаш е сменет.

Пред една година, за ден и половина, Москва и Русија трепереа пред многу реалната закана од вооружен бунт од борците на Вагнер што маршираа кон Москва и ги окупираа градовите на патот, а истите беа срдечно поздравени од жителите на Воронеж додека ја напуштаа населбата.

Во говорот што беше емитуван ширум Русија во саботата наутро по локално време, видно бесниот Путин вети дека ќе ги казни оние „на пат кон предавство“.

„Предавството“ на Вагнер беше „нож во грбот на нашата земја и нашиот народ“, рече тој, споредувајќи ги дејствата на групата со Руската револуција од 1917 година, која го собори царот Николај Втори во средината на Првата светска војна.

Потоа, речиси ненадејно како што започна, краткотрајниот бунт згасна откако Пригожин, шефот на групата Вагнер, се согласи да ја напушти Русија во соседна Белорусија, во договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Набрзо потоа, на 23 август, неговиот авион под нецелосно разјаснети околности, мистериозно се урна во регионот Твер на Руската федерација.

По смртта на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, неговата приватна воена компанија сè уште постои – сега ја води неговиот син Павел Пригожин, а командувана од Антон „лотос“ Елизаров. Платениците на групата се повлечени од фронтот во Украина во мај 2023 година, и заменети со чеченските и руските нерегуларни сили на доброволниот корпус на МО, кон кој пристапија и дел од поранешните платеници на Вагнер. Додека беше во Африка, Африканскиот корпус на руското Министерство за одбрана ги замени распоредувањата на Вагнер во Сирија и Либија кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година. Вагнер сепак одржува независни распоредувања во Белорусија, Мали и Централноафриканската Република.

Британското Министерство за одбрана ја објави на Х анализата на британското разузнавање, според која Пригожин бил пионер во практиката на регрутирање затвореници да служат во војната против Украина. Од јули 2022 година до февруари 2023 година, кога оваа практика беше усвоена од руското Министерство за одбрана, повеќе од 48 илјади затвореници беа регрутирани во вагнер, од кои повеќе од 17 илјади подоцна загинаа во битка.

Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 24 June 2024.

Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/rdsFLqcOYi #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/HpAAGY69My

— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) June 24, 2024

Во исто време, од февруари 2022 година, вкупниот број на затвореници во Русија е намален за најмалку 150 илјади луѓе. Веројатно, повеќето од овие затвореници биле ослободени во замена да се согласат да се борат во Украина, пишува разузнавачката служба.

Со бунтот беше доведена во прашање и иднината на една друга, озлогласена дејност на Пригожин, неговите медиумски компании и таканаречените „трол-фарми“, вклучувајќи ја и озлогласената Агенција за истражување на Интернет (ИРА).

Операциите за руско влијание поврзани со озлогласениот водач на платеничките трупи на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, остануваат активни неколку месеци по неговата смрт, според последното истражување.

Медиумската империја на Пригожин, најпозната по своите кампањи за дезинформација за време на претседателските избори во САД во 2016 година, продолжува да ја таргетира публиката во Европа, САД, Украина и во Русија, се вели во последниот извештај на разузнавачката единица Мандиант на Гугл.

Мандиант откри дека операторите сè уште се обидуваат да промовираат проруски наративи во САД, вклучувајќи ги и оние за внатрешната политика и изборите, руската инвазија на Украина и конфликтот Израел-Хамас.

Можно е контроверзноста околу Пригожин да влијаела на кампањата, велат истражувачите, но нејзината тековна активност може да сугерира дека нејзините оператори имаат намера да ја искористат за да влијаат на претстојните избори во САД.

Ако се користи за мешање во изборите во САД, оваа кампања може да биде само една компонента на проруската активност која колективно го таргетира американското население, се вели во извештајот.

Друга кампања поврзана со медиумското наследство на Пригожин се нарекува Сајбер фронт Z. Таа се појави во 2022 година, по руската инвазија на Украина, а наводно е поврзана и со ИРА.

Телеграм каналот на Cyber ​​Front Z остана оперативен од смртта на Пригожин, иако се чини помалку активен и сега е првенствено фокусиран на објавување и вкрстено промовирање содржини поврзани со случувањата во Украина и други домашни руски и светски настани.

Фото: Cyber ​​Front Z постојано дистрибуираше содржина што ги промовира интересите на Пригожин, вклучително содржини кои директно ги поддржуваат Пригожин и Вагнер за време и веднаш по бунтот во јуни, како и содржини што го промовираа присуството на Вагнер во Африка. Извор: Мандиант

Мандиант најде неколку индикатори кои укажуваат на тоа дека операторите на кампањата можеби сè уште планираат да ја прошират идната активност.

На пример, по загинувањето на Пригожин, на почетокот на декември 2023 година, страницата VKontakte на групата, каде што традиционално промовираа настани, почна да објавува за настани од минатото и да имплицира размислувања за идното организирање.

Истражувачите, исто така, рекоа дека им недостасува „видливоста неопходна за да се проценат вкупните импликации на тоа што може да значат разликите помеѓу кампањите за влијание поврзани со Пригожин за нивната долгорочна опстанок“.

Сепак, последната анализа сугерира дека инфраструктурата воспоставена од иницијативите за дезинформација поврзани со Пригожин ќе остане достапна за активност на проруска закана барем во блиска иднина.

За разлика од приватната воена компанија Вагнер, не е јасно кој сега ја контролира медиумската империја на Пригожин и какво влијание има руската влада врз неа.

Tags: „Вагнер груп“Евгениј Пригожинруска пропаганда и дезинформациитрол фарми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ