Голем пожар денеска избувна во индустриската зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Огнот брзо се проширил и зафатил подрачје од околу сто квадратни метри, пренесува МИА.
Пожарот зафатил и еден од хангарите на аеродромот Пулково. Поради огнот привремено беше затворен аеродромот. По локализирањето на огнот, аеродромот повторно е во функција.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот повредени се две лица.
Сè уште не е познато што го предизвика пожарот, но според локалните власти во околината било соборено украинско беспилотно летало.
ЦИВИЛ МОНИТОРИНГ ТИМ: ОВАА ВЕСТ СОДРЖИ НЕТОЧЕН ПОДАТОК, ПРЕНЕСЕН ОД ДРЖАВНАТА НОВИНСКА АГЕНЦИЈА МИА. Се работи за десетпати поголем пожар. Им се извинуваме на читател(к)ите за грешката. Ова е ЛИНК до точната вест. Потребна е постојана проверка на фактите.