Меѓународната организација за заштита на човековите и работничките права (БХХРЦ) денеска објави дека над 120 активисти биле убиени во текот на 2017 година во обид да ги заштитат животната средина и правата на работниците.
Според Ана Збона од БХХРЦ, оваа бројка претставува пораст од 50 проценти во однос на 2016 година.
Организацијата подготви извештаи за 388 напади врз активисти, кои вклучуваат претепувања, поднесувања на тужби и притвор.
– Сведоци сме дека нападите врз активистите и врз борците за граѓанските слободи се интензивираат низ светот, изјави Збона.
Некои од земјите посочени од оваа организација се Бразил, Мексико, Колумбија и Филипините, а цел на напади биле напади биле претставници на синдикати, новинари и активисти на невладини организации.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.